Папата упати сочувство до семејствата на жртвите во авионската несреќа

Папата упати сочувство до семејствата на жртвите во авионската несреќа

Папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до кардинал Серхио да Рочи надбискуп на Бразил, откако се сруши бразилскиот патнички авион со 77 патници и членови екипажот во Колумбија близу до градот Мадалена.

Во несреќата загинаа 71 лице вклучувајќи ги членовите на бразилскиот фудбалски клуб Шапикоенсе, кои патуваа во Колумбија на првиот финален натпревар во Јужноамериканскиот куп. Во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, папата Фрањо истакнува дека оваа трагедија го погодила и изразува сочувство до семејствата и пријателите на жртвите кои ги препорача на милосрдието на Отецот. Папата на крајот од пораката го моли Бог на сите оние кои трпат да им ги исцели раните и да им ја даде храброста и утехата на христијанската надеж.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот