Папата упати порака по повод XXVII Светски ден на болните

Папата упати порака по повод XXVII Светски ден на болните

Дарот е способен да се спротивстави на индивидуализамот и современото општестевено делење, за меѓу народите и културите да се поттикнат нови врски и различни облици на човечка соработка – истакна папата Фрањо во пораката за XXVII Светски ден на болните

Животот е Божји дар, а да се дарува значи да се дадеш самиот себе. Папата во пораката потсетува како да се победи културата на отфрлање и рамнодушност; решението за тоа е дарот кој е пред сè „взаемно признавање.“ Во дарот е одразот на Божјата љубов која својот врв го има во овоплотението на Синот Исус и во излевањето на Светиот Дух. Да се промовира културата на бесплатност и дарување – вели Папата, многу е потребно за да се надмине културата на профитот.

Животот не е приватна сопственост

Гестовите на бесплатен дар се најверодостојниот пат за евангелизација – кажува Светиот Отец и објаснува, во грижата за болните потребни се професионалност и нежност, бесплатни гестови, непосредни и едноставни како милувањето. Токму затоа што е дар, животот не може да се смета едноставно сопственост или приватна сопственост, посебно пред достигнувањата на медицината и биотехнологијата кои во човекот би можеле да го прободат искушението за манипулирање со дрвото на животот.

Секој човек е во потреба

Солидарноста е добродетел потребна за животот. Ниту еден човек никогаш нема да успее целосно да се ослободи од потребата за другиот и за неговата помош. Единствено кога човекот не се смета за независен од светот, туку како човек кој според својата природа е поврзан со сите други; можна е солидарна општествена пракса насочена кон општото добро. Не треба да се плашиме да признаеме дека сме во потреба и дека не сме способни да си дадеме сè што ни е потребно, затоа што сами со своите сили не успеаваме да го надминеме секое ограничување – додаде Светиот Отец.

Да се наведнеме над сиромаштвото

Папата Фрањо во пораката потсетува исто така на примери на љубовта кои ја направиле видлива Божјата љубов кон сиромашните и болните. Станува збор за света Мајка Тереза од Калкута која во текот на целиот свој живот била великодушна делителка на Божјото милосрдие и која се наведнала над луѓето кои биле на крајот од животот, оставени да умрат на маргините на улиците, препознавајќи го достоинството кое Бог им го дал; направила моќниците на светот да го слушнат нејзиниот глас. Света Маја Тереза ни помага да сфатиме дека единствено мерило за делувањето треба да биде бесплатната љубов – пишува Папата.

Здравјето е добро кое треба да се подели со другите

Напоменувајќи потоа дека човечката бесплатност е квасец за делувањето на волонтерите кои се многу важни за општествено-здравствената област и кои изразено ја живеат духовноста на Добриот Самарјанец. Папата напоменува дека димензијата на бесплатноста треба да ги вдахновува најмногу католичките здравствени институции, затоа што нивната работа ја одредува евангелската логика и во напредните и во помалку напредните делови во светот.

Католичките структури се повикани да ја изразат смислата на дарот, бесплатноста и солидарноста и тоа како одговор на логиката на профитот по секоја цена – вели Папата и на крајот истакнува дека здравјето е добро во кое потполно може да се ужива само ако е споделено со другите; радоста е бесплатен дар, имено показател на христијанското здравје.

XXVII Светски ден на болните

Овогодинешниот Светски ден на болните се одбележува на тема „Бесплатно сте примиле, бесплатно давајте.“ Тој израз од Евангелието според Матеј е дел од упатството кое Исус им го дава на учениците. Тонот за тоа послание на кое упатува Исус е бесплатноста, а изворедно сведоштво за бесплатна љубов бил животот на Мајка Тереза од Калкута, која папата Фрањо на 4 октомври 2016 година ја прогласи за светица.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот