Папата упати порака по повод Денот на живот во Велика Британија

Ватикан, 18.7.2013 /к.мк/ – По повод Денот за живот кој се одблежува во различни денови во Велика Британија, папата Фрањо до католиците во Ирска, Шкотска, Англија и Велс им упати порака во која повикува за заштита на животот од зачнувањето до природна смрт. Истакнувајќи ја непроценливата вредност на човечкиот живот, Светиот Отец напомнува дека најслаби и најпогодени се болните, старите, неродените и сиромашните, ремек дела на Божјото создание, создадени на Негова слика, одредени да живеат засекогаш и достојни за секоја почит. Светиот Отец освен тоа ја упати својата молитва денот посветен на животот да придонесе во обврската која ја имаме за заштита на човечкиот живот.

Мотото на денот „Заштити го животот: Тоа вреди да се направи“ е земена од проповедта на тогашниот кардинал Бергољо од 2005 година кога на светата Литургија во чест на заштитникот на бремените жени, свети Рајмонд Нонат, шпански монах од 13 век, кој според преданието е изваден од телото на својата мајка, која починала пред еден ден.

Денот на живот во Шкотска се одбележува во последната недела од месец мај, во Англија и Велс 28 јули, а во Ирска првата недела во октомври.

Твитер порака на папата: Бог е многу милосрден кон нас. Да научиме и ние да бидеме милосрдни кон другите, посебно кон оние кои страдаат. (го*ко)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<