Папата упати порака на Конгресот за религиозно воспитување во Лос Анџелес

Папата упати порака на Конгресот за религиозно воспитување во Лос Анџелес

По повод Конгресот за религиозно воспитување, организиран преку Интернет од 18 до 21 февруари од надбискупијата во Лос Анџелес, папата Фрањо испрати видео порака до учесниците, која ќе биде емитувана на крајот од средбата. Овој конгрес, многу важен во САД и кој обично собира илјадници луѓе од целата земја, оваа година ја слави својата 65-годишнина, што се совпаѓа со 50-тиот ден на млади во надбискупијата Лос Анџелес.

Навестете го ветувањето

Несомнено, поминуваме низ тешко време за секого, време на криза. Во тој контекст многу е актуелно мотото на конгресот: „Навестете го ветувањето!“ Ние мора да навестиме и да запомниме дека го имаме Божјото ветување и дека Бог секогаш ги исполнува своите ветувања (сп. 1 Коринтјаните 1,9-11). Исто така, мора да запомниме дека „секоја жена, секој маж и секоја генерација има во себе ветување што може да понуди нови релациски, интелектуални, културни и духовни енергии“ (Fratelli tutti, 196).

Дејствувајте во стилот на Самарјанинот

„Пандемијата ги обележува животите на луѓето и историјата на нашите заедници“, истакнува Папата во видео пораката; Соочени со оваа реалност, но и другите, треба да го градиме утрешниот ден, да гледаме кон иднината, а за да го сториме тоа потребна ни е ангажираност, сила и посветеност на сите“. Со ова, папата Фрањо нѐ поканува „да дејствуваме во стилот на Самарјанинот, што подразбира да дозволиме да бидеме засегнати од она што го гледаме, знаејќи дека страдањето ќе нѐ промени и мора да учествуваме во страдањето на другите“.

Да сонуваме заедно, како деца на една и иста земја

Продолжувајќи го своето размислување за лекциите од сегашната пандемија, Папата повикува да се потсетиме на еден универзален принцип: „Од кризата никогаш не излегуваме исти, туку излегуваме или подобри или полоши“. „Потребна ни е заедница за да нѐ поддржува, која ќе ни помага и да си помагаме едни на други за да гледаме напред“, нагласи Светиот Отец, цитирајќи ја својата последна енциклика Fratelli tutti: „Многу е важно да сонуваме заедно и да гледаме напред!“.

Светиот Отец на младите им се обрати повикувајќи ги конкретно да сонуваат и со креативност да сведочат за својата вера. „Вие младите, бидете поети на новата човечка убавина на нова братска и пријателска убавина!(…) И да се потсетиме на друга реалност: соништата се градат заедно. Да сонуваме како едно човештво, како патници од едно и исто човечко тело, како деца од иста земја, што сите нас нѐ одликува со богатството на својата вера или верувања, секој со свој глас, но сите браќа!“ (Fratelli tutti, 8). Ова нека биде импулсот кој треба да се испита, сподели и да се понесе со себе од учеството на овој конгрес за верско воспитување.“

Богата програма

Како и претходните години, изданието на овој конгрес во 2021 година ќе биде особено богато со иницијативи, иако се одржува преку Интернет. Три дена ќе следат тркалезни маси, семинари, богослужби и концерти на англиски и шпански јазик, двата јазика што се зборуваат во Лос Анџелес. Ќе бидат организирани дебати за „домашната вера“, за „почитувањето на предците во верата“, почнувајќи од искуството на христијаните во Виетнам, чија дијаспора е важна во Лос Анџелес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот