Папата упати порака до кардиналот Бренес

Папата упати порака до кардиналот Бренес

Папата Фрањо испрати порака до надбискупот на Манагва во Никарагва, во која ја искажува својата близина со верниците, после нападот на катедралата во Манагва извршен на 31 јули 2020 година.

Драги брате, те пратам во болките предизвикани од тој вандалски чин и близу сум со тебе и твојот народ. Се молам за сите вас – истакнува папата Фрањо во своерачно напишаната порака која ја испрати до кардинал Леополд Хозе Бренес, надбискуп во Мангва, Никарагва. Пораката ја објави и во една видео снимка ја покажа самиот кардинал, за време на светата Литургија на 2 август, на „Денот на тишина и молитва“ закажана после нападот извршен на 31 јули во катедралата во Манагва. Тој ден во катедралата, во капелата Пресвета Крв Христова, некој човек со покриена глава, фрлил молотов коктел. Огнот уништил, меѓу другото и еден крст стар 400 години.

Тоа е срамотен чин, терористичко дело – истакна надбискупот во проповедта на светата Литургија, која беше пренесувана на YouTube канал. Кардиналот се заблагодари на Папата за солидарноста која ја искажа и во неделниот пладневен говор во Ватикан. Убаво е да се почувствува близината на Папата, како брат и пријател – рече кардиналот  и додаде: Таа близина нѐ зајакнува во верата и нѐ охрабрува да одиме напред.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот