Папата упати порака до затворските капелани собрани во Стразбург

Многу сум им благодарен и со молитвата близок на оние кои вложуваат напори во одбрана на човечкото достоинство на сите оние кои се во затвор – пишува Светиот Отец во пораката, која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папски државен секретар, до капеланите на европските затвори кои учествуваа на оваа средба која се одржа на 1 и 2 јуни во Европскиот Совет во Стразбург.

Јубилејско опростување на затворениците

Заблагодарувајќи се на Советот на Европската бискупска конференција и промоторите на средбата, насловена „Радикализација во затворите: пасторален осврт“, папата Фрањо им се заблагодари на затворските капелани кои во текот на Годината на Милосрдието се грижат за затворениците. Во пораката е спомнато писмото за доделување опрост по повод Јубилејот, дел кој се однесува на гостите на казнените заводи.

Милосрдие, решетки и слобода

Во затворските капели ќе може да се добие опрост и секој пат кога ќе преминуваат низ вратата на својата соба упатувајќи ги мислите и молитвите кон Бог. Нека овој гест го означи нивниот премин низ Светата Врата затоа што Божјото милосрдие, способно да ги преобрази срцата, е способно исто така и да ги претвори решетките во искуство на слободата.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот