Папата упати порака до групата Г20

Папата упати порака до групата Г20

По повод самитот на групата Г20 во Хамбург, Папата упати порака до германската канцеларка Ангела Меркел, како и до сите членови на групата Г20, шефови на држави влади кои се состануваат во Хамбург.

„Да се даде апсолутен приоритет на сиромашните, на бегалците, на страдалниците, на бездомниците и на исклучените, без разлика на националност, раса, религија и култура, отфрлајќи ги вооружените конфликти”. Овој апел го упати папата Фрањо до светските лидери, во пораката до учесниците во овогодинешната средба на врвот на Г-20, која се одржува во германскиот град Хамбург. Пораката е упатена до германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел, која претседава со средбата.

Апелот на папата се темели на програмскиот документ на неговиот понтификат – „Evangelii Gaudium“. Светиот Отец посакува „ефикасно решение кое ќе продолжи во времето и ги охрабрува да се активира нова фаза на развој“ – иновативен, одржлив, заштита на животната средина и ги вклучува сите луѓе и народи”.

Обраќајки се до држави и влади на Г-20 и на целата светска заедница, Светиот Отец упатува „искрен апел“ за „трагичната ситуација“ во Јужен Судан, во базенот на Езерото Чад, во Африканскиот Рог и во Јемен, како што потсетува дека „30 милиони луѓе немаат храна и вода, за да преживеат.“ Папата нагласува дека итната помош за оваа население ќе биде „знак на сериозна и вистинска посветеност на среден план за реформирање на светската економија”.

Папата ги цени напорите насочени кон „обезбедување на управувањето и стабилноста на светската економија“, со особено внимание на финансиските пазари, трговијата, даночните проблеми и генерално, „за глобалниот економски раст, да биде инклузивен и одржлив”. Папата Фрањо истакнува дека овие напори сепак „се неразделни од вниманието насочено кон сегашните конфликти и кон светскиот проблем со миграцијата“. Светиот Отец признава дека „не постојат непосредни и целосно задоволителни решенија“ на светските проблеми, но несомнено е можно да се активираат „процеси кои можат да обезбедат постепени, а не трауматски решенија и во релативно кратки рокови да се дојде до слободно движење и стабилност, во корист за сите луѓе.

Папата истакнува дека целта на средбата на Г-20 и на други слични средби е „да се решат мирно економските разлики и да се најдат заеднички финансиски и трговски правила, кои ќе дозволат целосен развој за сите“, за постигнување на „глобалната програма за одржлив развој 2030, усвоена од ОН“ и целите на одржливиот развој. Папата истакна дека тоа нема да биде можно ако сите земји не се обврзат „да се намали значително нивото на конфликтност, да се запре оваа трка за вооружување и да се откаже директното и индиректно учество во конфликтите“.

Папата наведува дека „новите идеологии“ за апсолутна автономија на пазарите и за финансиски шпекулации остават болна трага на „исклучување и отфрлање“, па „дури и смрт“. Папата ги повика присутните на средбата во Хамбург да се потсетат на примерот на европските и светски лидери, кои „секогаш претпочитале дијалог и барањето на заеднички решенија”, како Шуман, Де Гаспери, Аденауер, Моне.

На крајот, папата Фрањо упатува директен апел до лидерите на Г-20, охрабрувајќи ги да не се фокусираат само „на малиот број држави, кои го претставуваат 90% од светското производство на добра и услуги, туку да мислат и на другите – држави и луѓе – чиј глас не е така силен на светската политичка сцена“: тоа се токму оние кои „повеќе страдаат од штетните последици на економските кризи, за кои тие имаат мала или немаат никаква одговорност“. Во исто време, Папата истакна дека ова „големо мнозинство кое во економска смисла претставува само 10% од вкупното производство“, е оној дел од човештвото, кое „би можело да има најголем потенцијал за да придонесе за напредокот на сите “.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот