Папата упати благодарност до португалските семејства

Папата упати благодарност до португалските семејства

Папата Фрањо испрати видео порака до португалските семејства кои ќе ги пречекаат во своите домови илјадниците млади луѓе кои се очекуваат на Светскиот ден на младите во Лисабон 2023 година, истакнувајќи дека нивното великодушно гостопримство покажува и отвореност за нови хоризонти

По видео порака што ја испрати минатата недела до младите кои се подготвуваат да учествуваат на Светскиот ден на младите во Лисабон, Папата им се заблагодари и на португалските семејства кои ќе ги примаат млади во нивните домови за време на настанот.

Повеќе од 400.000 млади луѓе од целиот свет веќе се пријавија за учество на Светскиот ден на младите од 1 до 6 август 2023 година.

Отворање за нови хоризонти

Во видео пораката објавена во средата, 25 јануари 2023 година, Папата истакна дека со пречекот на младите во нивните домови, семејствата покажуваат не само великодушност, туку што е најважно, отвореност за луѓето од други култури и за нови хоризонти.

Овие млади луѓе – рече тој – сигурно ќе донесат некои непријатности и дополнителна работа во вашите домаќинства, но ќе можете преку нив да согледате дека можете да бидете христијани на поинаков начин, со друга култура, со поинаква гледна точка. Ќе ве универзализираат, со отвореност за нови хоризонти.

Светиот Отец им се заблагодари на португалските семејства за великодушното гостопримство, за кое рече дека тоа бара напор, но ќе остави поглед на хоризонтот што лежи надвор од нивните ограничувања и граници, било да се тие географски, културни или духовни.

38.Светски ден на млади

Светскиот ден на млади оваа година ќе биде 38. по ред. Светиот папа Иван Павле II. го започна Светскиот ден на младите во 1984 година. Последниот се одржа во 2019 година во Панама.

Мотото на Светскиот ден на младите 2023 година е: Марија стана и побрза, преземено од Евангелието по Лука.

Во својата порака до младите минатата недела, папата Фрањо ја изрази својата радост откако дозна дека повеќе од 400.000 млади веќе се регистрирани и им порача на другите да го следат нивниот пример.

Истакнувајќи дека Светскиот ден на младите обединува луѓе од различни општествени слоеви и култури, Папата ги охрабри да ги отворат своите срца за оние кои ќе ги сретнат и запознаат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот