Папата упати апел за мир во Нагорно Карабах

Папата упати апел за мир во Нагорно Карабах

По завршувањето на плодната на молитва Ангел Господов во недела 1 ноември 2020 година папата Фрањо упати апел за мир во Нагорно Карабах и повика на молитва за погодените од земјотресот на подрачјето на Егејското море.

Драги браќа и сестри,

Во Хартфорд, во Соединетите Американски Држави, вчера е прогласен за блажен Мајкл Мекгивни, свештеник, основател на Колумбовите витези. Со посветена работа во евангелизацијата се обидуваше да излезе во пресрет на овие во потреба, промовирајќи взаемна помош. Неговиот пример нека нѐ поттикне уште повеќе да го сведочиме Евангелието на љубовта. Аплауз за новиот блаженик!

На овој празник да не заборавиме што се случува во Нагорно Карабах, каде вооружените судири се изменуваат со кревки примирја, со трагичен пораст на бројот на жртвите, уништени домови, инфраструктура и молитвени места, а на удар е сѐ повеќе и цивилното население. Тоа е трагично! Сакам да го упатам својот срдечен апел до водачите на завојуваните страни „што побрзо да се интервенира како би се запрело крвопролевањето на невина крв. (Енциклика Fratelli tutti, 192). Нека не мислат спорот во кој се најделе на спротивставените страни дека ќе се решат со насилство. Тоа е можно само со ангажирање за искрени преговори, со помош на меѓународната заедница. Искажувам близина до сите кои страдаат и ве повикувам да прибегнете кон застапништвото на светците за постојан мир во тој регион.

Да молиме за населението на подрачјето на Егејското море, кое пред два дена го погоди силен земјотрес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот