Папата упати апел за глобален прекин на вооружените судири

Папата упати апел за глобален прекин на вооружените судири

После молитвата Ангел Господов на 19 јули 2020 година папата Фрањо упати апел за глобален прекин на огнот и искажа загриженост за судирите во Кавказ

Драги браќа и сестри,

Во ова време во кое пандемијата не покажува знаци на попуштање сакам да ја ветам својата близина со сите кои се соочуваат со таа болест и нејзините економски и општествени последици. Посебен поздрав упатувам на оние луѓе чии страдања се влошени од ситуациите со судири.

По стапките на неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации повторно упатувам апел за глобален и моментален прекин на огнот, кој ќе овозможи мир и безбедност кои пак се неопходни за давањето на потребната хуманитарна помош.

Посебно со загриженост го следам заострувањето на вооружената напнатост во Кавказ, помеѓу Ерменија и Азербејџан, кои се случија минатите денови. Гарантирајќи ја својата молитва на семејствата чии членови ги загубија животите во судирите, се надевам дека со залагање на меѓународната заедница и со дијалог и добра волја спротивставените страни ќе дојдат до трајно мирно решение во кое на срце треба да ги имаат доброто на тие сакани народи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот