Папата: Трката во нуклеарното вооружување е расипување на скапоцени средства

Папата: Трката во нуклеарното вооружување е расипување на скапоцени средства

По повод денешниот Меѓународен ден за целосно укинување на нуклеарното оружје, папата Фрањо преку твит на својот профил на Твитер поттикна да се даде предност на поддршката на развојот на народите.

Трката за вооружување, вклучувајќи го и нуклеарното вооружување и понатаму ги расипува скапоцените средства кои би било подобро да се искористат за благосостојбата  за целосниот развој на народите и за заштита на природната животна средина – истакна папата Фрањо во твитот објавен на неговиот профил на Твитер @Pontifex, на денешниот Меѓународен ден за целосно укинување на нуклеарното оружје.

Во зборовите на Папата одекнуваат зборовите на главниот секретар на Организацијата на Обединетите нации Антонио Гутереш кој своите мисли исто така ги објави на Твитер. Речиси 14.000 делови нуклеарно оружје е складирано во целиот свет. Човештвото и понатаму е неприфатливо блиску до нуклеарното уништување. Сега е моментот – истакнува генералниот секретар, засекогаш да, да го отстраниме нуклеарното оружје од нашиот свет и да започнеме нова ера на доверба и мир.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот