Папата: Три знаци кои треба да ги следиме за да ја оствариме планетата на која се надеваме

Папата: Три знаци кои треба да ги следиме за да ја оствариме планетата на која се надеваме

Започнувајќи од 21 октомври во градот Таранто се собираат католиците од Италија на 49. по ред Социјална седмица на тема „Планетата на која се надеваме. Животната средина, работата, иднината. Сѐ е поврзано.“ По тој повод папата Фрањо на собраните им упати порака во која сликовито, со три сообраќајни знаци, кажа дека е храбро да се чекори по патот на надежта.

Папата Фрањо на почетокот на пораката истакнува дека после кризата која ја предизвика Ковид-19, како здравствена така и општествена, уште поголема е потребата луѓето да се среќни и да се гледаат лице во лице, заедно да се молат и да сонуваат. Затоа оваа средба има посебна димензија. За да се излезе од актуелната криза, напомена Папата од католиците во Италија потребна е уште поголема храброст. Не можеме да се повлечеме, да останеме рамнодушни или апатични без преземање на одговорност кон другите и кон општеството, нагласи Светиот Отец.

Синодалното искуство на Социјалната седмица

Пандемијата ја откри илузијата на нашето време во кое веруваме дека сме семоќни, газејќи така по земјата и животната средина во кои живееме. За да станеме од тоа, мора повторно да се обратиме на Бог и да научиме како да ги користиме дадените ни дарови, најпрво сето создание, рече Папата. Не ни недостасува храброста за еколошко преобраќање, но пред сѐ не ни недостасува ревност за преобраќање на заедницата. Од таа причина, се надевам дека оваа Социјална седмица ќе претставува едно синодално искуство, рече Светиот Отец со споделување на изобилство на повици и таленти кои Духот ги побуди во Италија. За да се оствари тоа, додаде Папата, потребно е да се слуша и страдањето на сиромашните, најмалите, семејствата кои се уморни од живеењето во експлоатација, на загадени места, опустошени од корупција и деградација.

Три „знаци“

Папата на учесниците на Социјалната седмица им истакна три должности, споредувајќи ги со сообраќајни знаци кои го „означуваат патот на надежта“, за верниците што похрабро да чекорат по него.

Внимание при премин

Првиот „знак“ кој го истакна Папата е внимание на премин. Многу луѓе кои се во оча и поминуваат во нашите животи, рече Папата истакнувајќи ги примери на млади кои принудно морале да ја напуштат својата земја, невработените, жените кои се принудени да избираат помеѓу мајчинството и работата, работниците кои ја загубиле куќата, сиромашните, старите и напуштените па и многу болни, работниците кои се принудени на тешки и неморални работи… Не можеме да останеме рамнодушни, истакна Папата. Овие наши браќа и сестри се распнати и чекаат воскресение. Вдахновението од Духот ни помага да направиме сѐ за нивните легитимни надежи да се остварат.

Забрането запирање

Вториот пак „знак“ кој Папата го истакна е забраната за запирање. Божјата љубов никогаш не е статична, не се одрекува од „сѐ што верува и во што се надева“ (1Кор 13,7), нѐ придвижува никогаш да не застанеме. Затоа да не застануваме во сакристиите, да не создаваме елитни, изолирани групи. Надежта секогаш патува и поминува низ христијанските заедници, кои се ќерки на воскресението, кои излегуваат, навестуваат, делат поднесуваат и се борат за градење на Божјото Царство. Колку би било убаво, додаде Папата кога во загадените и деградирани подрачја христијаните не би се ограничувале исклучиво на осудата, туку би преземале одговорност и би создавале мрежа за спасување. Понекогаш преовладува стравот и молчењето, што ги фаворизира волците од подземјето и личниот интерес. Да не се плашиме да се осмелиме и да се спротивставиме на незаконитоста, но пред сѐ да не се плашиме да сееме добро, нагласи Светиот Отец.

Задолжително свртување

На „задолжително свртување“ односно промена на насоката, повикува крикот на сиромавиот и плачот на земјата, рече Папата. Нѐ очекува длабоко преобраќање кое дури и пред екологијата на животната средина, се однесува на екологијата на срцата. До пресвртница ќе дојде дури ако формираме совест за да не бара лесни решенија која ги штити оние кои веќе се обезбедени, туку да предлага трајни процеси за промена за благосостојба на младите генерации. Ова промена на насоката насочена на општествената екологија може да биде плодоносна за овој период кој го нарекуваме „еколошка транзиција“ во која одлуките нема да бидат само последици на новите технолошки откритија, туку и на обновени општествени модели.

Планетата на која се надеваме

Планетата на која се надеваме, заклучи Светиот Отец е она во која културата на дијалогот и мирот раѓаат нов ден, каде работата дава достоинство на личноста и го штити целото создание, каде доаѓа до конвергенција на културно оделечените светови, поттикнати од грижата за општото добро.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот