Папата: Треба да делуваме мудро и со љубов не озборувајќи ги другите

Папата: Треба да делуваме мудро и со љубов не озборувајќи ги другите

Оние кои имаат образовна или одговорност за управување мора да бидат свесни за својата чувствителна улога и секогаш да го препознаваат вистинскиот пат по кој треба другите да ги водат.

Треба да се делува мудро и со љубов без озборување на другите – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на 3 март 2019 година. Евангелието за денешната Литургија претставува кратки споредби со кои Исус на своите ученици сака да им го покаже патот по кој треба да одат за мудро да живеат – рече Папата и истакна, со прашањето: „Може ли слепец слепец да води?“ (Лк 6, 39) сака да предупреди дека водачот не може да биде слеп, туку мора добро да гледа, односно мора да поседува мудрост за мудро да води, инаку ризикува луѓето кои на него се потпираат да им предизвика штета. Исус така го свртува вниманието на оние кои имаат образовна или одговорност да управуваат: пастирите на душите, јавните власти, законодавците, учителите, родителите, поттикнувајќи ги да бидат свесни на своите чувствителни улоги и секогаш да го препознаваат вистинскиот пат по кој треба да ги водат луѓето.

Исус се послужи со мудар израз Себе да се назначи како пример за учител и водач Кој треба да се следи: „Нема ученик поголем од својот учител; но секој, што ќе се усоврши, ќе биде како и учителот негов“ (Лк 6, 40) – рече Светиот Отец и објасни, тоа е повик за да го следиме Неговиот пример и Неговото учење за да бидеме сигурни и мудри водачи. И тоа учење е содржината на говорот на гората кој веќе три недели Литургијата ни го нуди во Евангелието, укажувајќи на однесување на кроткост и милосрдие за да бидеме искрени, понизни и праведни луѓе.

Во денешниот евангелски дел наоѓаме уште една важна реченица која нè поттикнува да не бидеме дрски и лицемерни, а гласи: „И зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја забележуваш?“ – цитираше папата Фрањо и продолжи, често маните и гревовите на другите е полесно и попријатно да ги забележиме. Секогаш ги сокриваме своите мани, па и себе самите, затоа што е полесно да се запаметат и да се осудуваат, а притоа не можејќи да ги видиме со истата јасност. Секогаш ги сокриваме своите мани, па и од самите себе, затоа што е полесно да се видат туѓите мани. Искушение е да се биде попустлив кон себе. Широкоградни сме кон себе, а остро ги осудуваме другите.

Секогаш е корисно на другите да им се помага со мудри совети, но додека ги набљудуваме и исправуваме маните на својот ближен, мора да бидеме свесни дека и ние имаме недостатоци – рече Папата и продолжи, ако мислиме дека ги немаме не можеме да ги осудуваме и поправаме на другите. Сите имаме мани. Мора да бидеме свесни и пред осудување на другите мора да погледнеме во својата внатрешност. На тој начин ќе можеме да делуваме во светот веродостојно, понизно сведочејќи ја љубовта.

Како можеме да сфатиме дали нашето око е слободно или во него имаме греда? Исус тоа и нам ни го кажува: „Оти, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод. Секое, пак, дрво се познава според својот плод;“ (Лк 6, 43-44) Тој плод се делата и зборовите – рече Светиот Отец и додаде, исто така по зборовите се познава квалитетот на стеблото. Имено кој е добар од своето срце и уста изнесува добро, а кој е лош изнесува зло, практикувајќи ја најуништувачката вежба, а тие е мрморење, брборење и озборување.

Тоа го уништува семејството, училиштето, работното место и местото за живеење – рече папата Фрањо и истакна: со лошиот говор започнуваат војните. Да размислиме за себе и за тоа Исусово учење и да си го поставиме прашањето: Зборуваме ли лошо за другите? Настојуваме ли секогаш да ги оцрни на другите? Дали за нас е полесно да ги видиме туѓите мани отколку своите?

Да ја побараме поддршката и застапништвото на Блажена Дева Марија за да Го следиме Господ на тој пат – поттикна на крајот. После молитвата Ангел Господов ги поздрави сите присутни ходочасници и на крајот ги охрабри да одат радосно, великодушно сведочејќи ја насекаде Господовата добрина и милосрдие.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот