Папата телефонираше со надбискупот на Сполето-Нурсија

Папата телефонираше со надбискупот на Сполето-Нурсија

Откако се врати во Ватикан во среда вечерта, папата Фрањо му телефонираше на надбискупот на Сполето-Нурсија, монс. Ренато Бокардо за да ја изрази својата близина на народот во долината Валнерина која е најтешко погодена од неодамнешните земјотреси на 26 и 30 октомври 2016 година.

Во телефонскиот разговор надбискупот Бокардо му ги објаснил на Светиот Отец потешкотиите и стравот кај луѓето кои останале без домови и сигурност, му зборувал и за големата загуба на културното и верското наследство на долината. Тој додава дека папата Фрањо му ја загарантирал својата молитва и ги благословил сите оние кои се погодени од земјотресот. „Исто така Папата кажа дека е тажен што толку сакрални згради се срушени, тие симболи на верата и идентитетот на народот,“ рече надбискупот Бокарда.

Надбискупот исто така порачува дека целата негова бискупија е благодарна на Папата за овој дополнителен знак на поддршка за народот во долината Валнерина. Имено Светиот Отец на 4 октомври оваа година го посети Сан Пелегрино по земјотресот на 24 август во кој загинаа 298 луѓе.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот