Папата: Спортот нека биде во служба на луѓето

Папата: Спортот нека биде во служба на луѓето

Дисциплина, тимска работа и тежнеење кон посебност, се точките кои беа во центарот на говорот на Папата до членовите на Меѓународниот лизгачки сојуз, кои ги прими на 13 јуни 2019 во аудиенција. Папата посебно го истакна почитувањето на другиот, вклучувањето и услугата која спортот треба да ја даде на човештвото.

Вдахнувајќи се од Апостолскиот поттик Christus Vivit, Папата ја истакна убавината на спортот, а посебно на убавината на лизгањето. Сите спортови се причина и израз на радост: радост на движење, радост на дружење, радост поради животот и даровите кои ни ги дава Создателот секој ден. Тоа важи и за оние кои се занимаваат со лизгање. Тоа дава занесно искуство на животот и слобода во движењето, со вежбање и дисциплина, тимска работа и барање на лична посебност.

Меѓутоа, Светиот Отец посебно зборуваше за способноста спортот да вклучува, да воспоставува силни врски на вистинско пријателство и солидарност, да ги руши општествените пречки, како и оние меѓу генерациите, бидејќи е отворен за лицата од сите возрасти. Додека се ангажирате да вклучите во спортот што повеќе млади, се надевам дека вашето водство ќе им помогне да созреат како активни членови на општеството. Вредноста за почит, храброста, алтруизмот, рамнотежата и владеењето со самиот себе, научени во спортот, се скапоцени подготовки за добар успех во трката на животот. Со еден збор, спортот секогаш треба да биде во служба на човештвото – истакна Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот