Папата со сочувство до коптскиот патријарх: Обединети преку крвта на мачениците

Папата со сочувство до коптскиот патријарх: Обединети преку крвта на мачениците

Утрото на 12 декември 2016 година во телефоски разговор папата Фрањо изрази сочувство на коптскиот православен патријарх Тавадрос II по повод атентаот на коптската катедрала Свети Марко во Каиро, соопшти во изјава директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Грег Бурк.

„Неговата Светост ја изрази својата духовна близина на патријархот и коптската православна заедница погодена од атентатот посебно за жените и децата, чиј број е најголем меѓу жртвите – изјави ватиканскиот гласноговорник. Патријархот Тавадрос се сети на зборовите на папата Фрањо за „екуменизмот на крвта“, кажани за време на нивната средбата во Ватикан. Од своја страна папата Фрањо истакна дека двете црковни заедници се обединети во крвта на мачениците. Светиот Отец вети дека ќе се моли за коптската заедница на Литургијата која ќе ја служи во 18 часот во ватиканската базилика Свети Петар за празникот на Дева Марија од Гвадалупе. Патријархот Тавадрос му се заблагодари на папата Фрањо за неговата близина во тој драматичен момент, го повика да се моли за мир во Египет, уверувајќи го дека ќе го пренесе длабокото сочувство на Папата на целата копска заедница.“

Ова утро патријархот Тавадрос служеше Литургија за покојни за жртвите во црквата Дева Марија во египетската престолнина.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот