Папата со новинарите во авионот на враќање од Талин

Папата со новинарите во авионот на враќање од Талин

На враќање од Апостолското патување во балтичките земји – Литванија, Летонија и Естонија, папата Фрањо за време на летот од Талин до Рим, разговаше со новинарите и притоа се осврна токму на завршената Апостолска посета, на неодамна потпишаниот Привремен договор со Кина и на сексуалната злоупотреба.

Зборувајќи токму за посетените земји, Папата повторно рече – како што истакнуваше речиси секој ден во текот на посетата – дека треба да се инсистира на сочувувањето на идентитетот на балтичките земји, кој суровите освојувачи премногу често го газеле, а кои го сочувале оние кои биле живи штитови против диктатурата; а денес остарени и должни се да го пренесуваат на младите со целото наследство на културата, верата и уметноста.

Присетувајќи се на просторијата за мачење во Музејот на жртвите во Вилнус, Папата го осуди насилството и срамот на легалната и нелегалната трговија со оружје која поттикнува насилство. Дозволено е чесно да се брани татковината – рече Папата – но државата треба да биде обезбедена со благоразумна и неагресивна одбранбена војска. Потоа повторно го спомна повеќе пати истакнатото начело на внимание во врска со миграцијата која во балтичките земји се однесува на двете насоки и на влез и на излез и напомена дека и самите шефови на држави со кои се сретнал изминатите денови ја признале важноста на прифаќањето.

Кина и мудроста на Договорот

Она што исто така минатите денови привлече многу внимание е потпишаниот Привремен договор со Кина. Критиките за тој настан на кој Светиот Престол работи десет години се познати; има такви кои мислат дека Ватикан ја „распродал“ Црквата на Пекинг. Папата на тоа мирно одговори. Договорот јас го потпишав, јас сум одговорен – рече и поттикна на молитва за оние кои бидејќи зад себе имаат многу години на сокривање, но денес не ја сфаќаат важноста на тој документ. Во секој мировен договор двете страни нешто губат – потсети Папата и истакна дека овде не станува збор за именувањето, туку за дијалог за евентуални кандидати. Јасно е дека Папата ги именува епископите – рече Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот