Папата: Создадениот свет е доверен на мажот и жената

Семејството стои на почетокот и во темелот на културата на светот – се зборовите кои папата Фрањо утрово ги нагласи во својата последна катехеза за бракот и семејството, пред верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Рим.

Ова е нашето завршно размислување за темата брак и семејство. Пред нас се прекрасни и напорни настани: Светската средба на семејствата во Филаделфија и Епископската синода. Двете имаат светско значење кое одговара на универзалната димензија на христијанството, но исто така и семејството како основен и незаменлив носител на човечкото општество – истакна Светиот Отец.

Актуелното одење на цивилизацијата изгледа дека е обележано со ефектите на општеството со кое управува економската технократија. Подреденоста на етиката на логиката на профитот на располагање има значајни ресурси и ужива голема поддршка од медиумите. Во таква ситуација новиот сојуз на мажот и жената станува не само неопходен, туку и стратешки потребен за ослободување на народот од колонизацијата на парите. Овој сојуз треба на свое место да ги врати и насочи политиката, економијата и цивилизираниот соживот – рече Римскиот епископ.

Во овој сојуз брачно – семејната заедница на мажот и жената можеме да кажеме е „граматика на создавањето“ и „златен чвор“. Верата го втурнува во мудроста на Божјото создавање: кое што Бог го доверил на семејството, да не се грижи само за себе туку и за сочување на светот како „домашен“. Всушност семејството стои на почетокот и во основата на културата на светот кое нè спасува; нè спасува од многу напади, уништувања, колонизација, како што е колонизацијата на парите или колонизацијата на некои идеологии кои му се закануваат на светот. Семејството е основата за заштитата од тие работи – рече Папата.

Всушност од Божјото Слово за Битието го примаме своето основно вдахновение за нашите размислувања за семејството во среда. Во овој збор можеме и треба одново и целосно да се втурнеме. Голема е таа работа, тоа што се очекува, но навистина охрабрувачки. Божјото создавање не е едноставна филозофска премиса: таа е универзален хоризонт на животот и верата! Не постои некој друг Божји план за создавањето и спасението – рече Папата. Заради спасение на созданијата Бог стана човек, за секое создание: заради нас луѓето и заради нашето спасение, се вели во Верувањето. Исус воскресна како Првороден пред секое создание – објасни папата Фрањо.

Создадениот свет е доверен на мажот и жената: тоа што се случува меѓу нив дава важност на сè останато. Нивното отфрлање на Божјиот благослов неминовно доведува до мегаломанија која руши сè пред себе. Тоа што ние го нарекуваме „источен грев“. Сите на светот доаѓаме наследувајќи ја таа болест.

Без оглед на тоа не сме проклети, ниту препуштени самите на себе. Древната приказна за оригиналната Божја љубов за мажот и жената веќе ги има своите страници испишани во оган! „И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. “(Битие 3, 15а). Тие се зборовите кои Бог ги упатува на змијата која заведува и шармира. Со овие зборови Бог ја обвиткува жената со заштита против злото кое – ако сака може да влијае – и тоа важи за сите генерации. Тоа значи дека жената е носител на посебен свет благослов за да го заштити своето создание од злото! Како жената од апоколипсата која бега пред змејот за да го заштити својот син. И Бог ја штити. (Откр 12, 6).

Размислете која длабочина овде се отвора! Постојат многу места, понекогаш навредливи кои говорат за жените – искушувачки кои поттикнуваат на зло. Напротив овде се отвора простор за теологија на жената која е на висината на овој Божји благослов – како за себе – така и за генерациите кои доаѓаат – нагласи Папата.

Симболичниот библиски говор вели дека Бог пред да ги оддели од градината Едем на мажот и жената им направи облеки од кожа и ги облече (Битие 3, 21). Ова дело на нежност означува дека и во тажните последици на нашиот грев, Бог не сака да останеме голи и препуштени на судбината на грешниците. Ова божествена нежност, ова грижа за нас, се гледа овоплотена во Исус од Назарет, Синот Божји, роден од жена (Гал 4,4). Павле исто така вели: додека бевме грешници Христос умре за нас (Рим 5, 8).

Христос роден од жена; од една жена. Тоа е Божјо милување на нашите рани, на погрешните избори и гревот. Бог нè љуби такви какви што сме и сака да напредуваме во остварувањето на Неговиот план, а жената е таа која е „посилна“ и која тој план го турка напред – нагласи Светиот Отец.

Божјото ветување на мажот и жената на почетокот на историјата ги вклучува сите човечки битија сè до нејзиниот свршеток (историјата). Ако имаме доволно вера, семејството на народите на оваа земја ќе се признае и препознае во овој благослов. Секако кој ќе дозволи да го допре таа визија било на кој народ, нација или религија да припаѓа нека тргне со нас на пат. Ќе ни биде брат и сестра без прозелитизам. Да одиме заедно со овој благослов и согласно Божјата цел сите да нè направи браќа во светот во кој исчезнува и напредува од семејството од единството на мажот и жената. Бог да ги благослови семејствата од сите агли на земјата. Бог да ве благослови – повтори Светиот Отец!

По поздравот на поклониците од различните земји, Папата го најави своето заминување за Куба и во Соединетите Држави, а главен настан е Светската средба на семејствата во Филаделфија, но и посетата на американскиот Конгрес и седиштето на Обединетите нации. Поздравувајќи го однапред кубанскиот и американскиот народ го препорача ова свое патување и себе во молитвите на сите верници, повикувајќи светлина и сила од Светиот Дух и заговор на Дева Марија. Во сабота исто така во Сан Минијат за блажен ќе биде прогласен Пио Алберто дел Корона, ревен водач и мудар учител на доверениот му народ.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот