Папата служеше света Литургија за болните од корона вирусот

Папата служеше света Литургија за болните од корона вирусот

Во понеделник 9 март папата Фрањо служеше света Литургија во Домот Света Марта, која ја намени за болните од корона вирусот. Светата Литургија беше директно пренесувана преку електронските медиуми, а преносите ќе продолжат и наредните денови, со цел Папата да ја покаже својата близина со сите кои се вклучени во епидемијата од корона вирусот.

Овие денови ќе служам света Литургија за болните од епидемијата на корона вирусот, за лекарите, болничарите, медицинските сестри, за волнтерите кои многу помагаат, за членовите на семејствата, за луѓето во домовите за стари лица и за затворениците во затворите – рече папата Фрањо за време на светата Литургија во понеделник 9 март 2020 година, која беше директно пренесувана преку електронските медимуи. Светиот Отец истакна: Оваа седмица го молиме Господ со молитвата: Спаси нè Господи и биди со нас милостив. Нашите нозе се на вистински пат. Во заедницата ќе го благословуваме Господа.“

Коментирјаќи го првото читање од светата Литургија кое е земено од Книгата на пророкот Даниил, Папата потсети дека треба да признаеме дека сме грешници. Првото читање е исповед на гревовите – рече Папата и додаде – Народот признава дека згрешил: „Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твоите заповеди! Згрешивме, постапивме беззаконо, дејствуваме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата.“

Тоа е исповед на гревовите, признавање дека сме згрешиле – рече Светиот Отец и додаде: Кога се подготвуваме да ја примиме светата Тајна Исповед, мораме да направиме она што се вика испит на совест и да видиме што сме направиле пред Бог, што сме згрешиле. Мораме да го признаеме гревот. Но тоа признавање на гревовите не смее да биде само попис на интелектуелни гревови и не можеме само да кажеме: згрешив, а потоа ќе му кажам на Отецот и Он ќе ми прости. Не, потребно е нешто друго. Така не е добро да се прави, затоа што тоа значи да се направи попис на работите кои мора да ги направиме и да ги имаме или кои сме ги направиле лошо, но кои кои остануваат само во глава.

Вистинската исповед на гревовите мора да биде во срцето – рече Папата и истакна: Да се оди на исповед не значи само да му се каже тој попис на свештеникот, потоа да се замине и да се мисли дека ни е простено. Тоа не е тоа! Потребен е чекор повеќе од тоа, а тоа е исповед на нашата беда, и тоа од срце, односно тој попис на лоши работи кои сме ги направиле да слезат во срцето. Така прави пророкот Даниил: „Во Тебе, Господи, има правда, а во нас – срам на лицата!“

Кога признаваме дека сме згрешиле, дека не сме молеле добро и тоа го чувствуваме во срцето, тогаш ни доаѓа и тоа чувство на срам – рече Папата и продолжи: Тогаш се срамиме за она што сме го направиле. Со срам го молиме Господ за простување. Срамот за нашите гревоои е милост која мораме да ја бараме: Господи, се срамиме. Човекот кој го изгубил срамот, го изгубил и моралниот авторитет и почит кон другите луѓе. Тоа е бесрамна личност. Истото се случува и во односот со Бог. На нас останува срамот, а на Бог праведноста.

Срам на лицето како денес – рече Светиот Отец и додаде – Даниел продолжи: Господи, кај нас на лицата наши има срам, при царевите наши, при кнезовите наши и при татковците наши, зашто згрешивме пред Тебе. А при Господа, нашиот Бог, има милосрдност и проштевање, бидејќи ние станавме против Него. Претходно Даниел рече: Во Господ е нашата праведност, а сега вели милосрдие. Покрај тоа што се сеќаваме и ги паметиме гревовите кои сме ги направиле, имаме и чувство на срам, тоа го допира Бог кој потоа одговара со милосрдие.

Да се сетиме на лошите и зли работи кои сме ги направиле, тоа е пат кон Божјото милосрдие. Значи, кога ќе одиме да се исповедиме нема да го наброиме пописот на гревовите, туку ќе искажеме и чувство на збунетост и срам заради тоа што сме му го направиле на добриот, милосрдниот и праведен Бог. Денес да се молиме за милоста на срам, да се срамуваме од своите гревови. Нека Господ на сите нас ни ја даде таа милост – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот