Папата служеше Литургија за ватиканската жандармерија

Во сабота 17 септември 2014 година Папата славеше света Литургија за празникот свети архангел Михаил, небесен заштитиник на ватиканската жандармерија, а по повод 198 годишнина од формирањето. Синоќа во градината на Ватиканскиот музеј е приреден прием, кој со својот поздравен говор го отвори Доменико Џијани, заповедник на ватиканската жандармерија, а архиепископот Анџело Бекиу, заменик државен секретар ја прочита пораката на Папата.

Во пораката Светиот Отец изразува „длабока благодарност“ на жандармеријата за „верната и великодушна служба, која ја вршат дискретно, професионално и со љубов кон Црквата и Папата“.

На целата жандармерија Папата ја изрази својата „наклонетост“, а ги поттикна сите своето скапоцено дело да го извршуваат ведро, трпеливо и предано. Драги жандари надевајте се секогаш на добрината и верноста Господова, кој секогаш е со нас и никогаш не нѐ остава. Со доверба доверете се на мајчинската заштита на Девица Марија и својот заштитник свети архангел Михаил– стои меѓу другото во пораката на Папата.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот