Папата: Сиромаштвото нè предизвикува на илјадници начини

Папата: Сиромаштвото нè предизвикува на илјадници начини

Светиот Отец по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштвото и социјалната исклученост на своите следачи на Твитер им порача: Должноста на човечкото семејство е да помогне да се ослободи секој човек од сиромаштвото и гладот.

Ова не е прв пат, Папата да ги поттикнува луѓето да им помогнат на сиромашните, туку од почетокот на својот понтификат се залага за искоренување на сиромаштвото и бедата и постојано го повторува својот повик за совладување на рамнодушноста кон оние кои страдаат.

Во својата порака по повод 1 светски ден на сиромашните кој ќе се одбележи на 19 ноември 2017 година, папата Фрањо размислува за два вида на сиромаштво: духовно и материјално, и меѓу останатото истакнува дека сиромашните не се проблем, туку од нив можеме да ја научиме суштината на Евангелието.

Сиромаштвото значи да се има понизно срце кое прифаќа дека сме ограничени и грешни созданија, помагајќи ни така да го надминеме искушението да се чувствуваме семоќни и бесмртни – продолжи Папата – Тоа е внатрешен став кој парите, кариерата и луксузот не се сметаат за цели на животот и услови за среќа. Освен тоа сиромаштвото создава услови слободно да преземеме одговорност за другите. Според тоа, сиромаштвото е мерило кое ни помага да ги користиме материјалната добра на најдобар можен начин и да изградуваме односи кои не се ниту себични, ниту посесивни.

Во тој текст, верниците ги потсетува и на предупредувањето на свети Иван Златоуст: „Сакаш ли да го почитуваш Христовото тело? Тогаш немој да го исмеваш во неговата голотија, ниту да го почитуваш овде во Црквата со свилена облека додека го запуштат надвор, каде му е ладно и каде е гол.“

Папата Фрањо понатаму истакнува дека на денешниот свет му е тешко, јасно да го препознае сиромаштвото. А тоа повторно нè предизвикува на илјадници начини, на лицата обележани со страдање, маргинализација, угнетување, насилство, мачење и затворање, војна, одземање на слободата и достоинството, незнаењето и неписменоста, здравествените итни случаи и невработеноста, трговијата со луѓе и ропството, егзил, крајната беда и присилната миграција. Сиромаштвото има лице на жена, маж и деца кои се искористувани и кои ги гази изопачената логика на моќта и парите – напиша Папата.

Светиот Отец во документот обвинува на „огромното богатство“ кое се акумулира во рацете на привилегирани поединци, а тоа често е поврзано со незаконски активности и страшно искористување на човечкото достоинство. Пасивноста и рамнодушноста не се опции за христијаните, туку на сето тоа е потребно да се одговори со нова визија за животот и општеството – стои меѓу останатото во пораката на Папата.

Додаваме на крајот дека Меѓународниот ден за борба против сиромаштвото и социјалната исклученост сака да предупреди на проблемот со сиромаштвото и бедата и да укаже на потребата за нивно искоренување. Денешниот датум, 17 октомври е избран бидејќи на 17 октомври 1987 година е откриен споменик во Париз посветен токму на борбата против сиромаштвото.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот