Папата силно го осуди нападот во Стразбур

Папата силно го осуди нападот во Стразбур

Божји благослов за жртвите, за оние кои им помагаат и на целиот француски народ.

Папата изрази чувства на тага и болка предизвикани од нападот кој се случи на 11 декември на божиќниот саем во Стразбур. Во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин и ја испрати до надбискупот на Стразбур монс. Лука Равел, Светиот Отец уште еднаш силно ги осуди таквите дела.

Ветувајќи дека ќе се моли за семејствата и за сите оние кои се погодени од насилството, Папата истакнува дека на срцето му е стручниот персонал и волонтерите кои се грижат за ранетите. Во знак на утеха, го повикувам Божјиот благослов за жртвите, за оние кои им помагаат и на целиот француски народ – пишува папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот