Папата се сретна со роднини на жртвите од диктатурата на Пиноче

Папата се сретна со роднини на жртвите од диктатурата на Пиноче

После светата Миса во Икике на 18 јануари 2018 година, која беше последен настан од Апостолската посета на Чиле, папата Фрањо се упати на ручек во Домот за духовни вежби „Богородица Лурдска“, а претходно во блиската црква се сретна со 10 болни лица и со двајца членови од семејства на жртви од репресијата во 1970 години, за време на диктаурата на Пиноче, кои во таа прилика му предадоа писмо.

Папа Фрањо, во ваши раце ги ставаме надежите за пронаоѓање на нашите заробени и исчезнати, го поздрави Светиот Отец отец Хектор Марин Росет, чиј што брат Хорхе е киднапиран на 28 септември 1973 година и истиот ден умира во Икике. Имал 19 години. Росет е претседател на здружението кое се грижи за роднините од жртвите на режимот и исчезнатите лица во Икике и Писаку.

Како што истакнува Канцеларијата за печат при Светиот Престол, а пренесува Радио Ватикан, Росет рече дека пред Папата ја пофали важната улога на Црквата во Чиле во промовирање и заштита на човечките права.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот