Папата се сретна со Естрела Карлото

Во среда 5 ноември 2014 година папата Фрањо ја прими во приватна аудиенција Естела де Карлото, претседателка на здружението за човекови права „Баби на мајскиот плоштад“, формирана со цел да се пронајдат децата киднапирани од бројните семејства за време на војната диктатура во Аргентина, а кои покасно и тајно се посвоени. Со неа беше и Игнацијо Гвидо Монтоја Карлото, нејзинот киднапиран внук, чиј идентитет е потврден оваа година. Тој му поклони на папата Фрањо ЦД со музика која самиот ја компонирал.

Освен тоа истиот ден, монс. Масимо Паломбела, управител на Сикстинската капела на Папата му поклони ЦД насловено „Хамебус Папам. Музика од конклавите“, кое содржи тонски запис од литургиските славења од изборот на папата Фрањо: Мисата, „pro eligendo Pontifice“, Veni Creator“ при влегувањето во Сикстинската капела, музика од Мисата со кардиналите на денот после изборот, музика од Мисата за инаугурацијата, како и 11 минути од најавата „Хабемус папам“ со првите зборови на папата Фрањо од 13 март 2013 година.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот