Папата се сретна со добитниците на Нобеловата награда за мир

Папата Фрањо на 7 ноември се сретна со овогодинешните добитници на Нобеловата награда за мир и ги нарече „градители на мирот“. Оваа година наградата припадна на националниот квартет за дијалог од Тунис.

Папата Фрањо на 7 ноември 2015 година се сретна со овогодинешните добитници на Нобеловата награда за мир и ги нарече „градители на мирот“. Оваа година наградата припадна на националниот квартет за дијалог од Тунис за – како што тоа го образложи советот за доделување на Нобелова награда – нивниот одлучен придонес во градењето на плуралистичката демократија во Тунис во екот на Јасминската револуција во 2011 година.“

Четворицата го претставуваат Општиот работнички синдикат на Тунис, Конфедерацијата на Тунис за индустрија, трговија и производство, Туниската лига за човекови права и Тунискиот адвокатски ред. Тие четири организации помогнаа да се основа новиот устав и да се спроведат претседателските избори по серија политички убиства во 2013 година.

Папата Фрањо во текот на средбата им рече дека своите постигнувања ги остварија со рацете и срцето и ја пофали нивната метода која со дијалог придонесе за стабилноста на нивната земја. Добитниците на Нобеловата награда се заблагодарија на Папата за приемот нарекувајќи го „вистински човек на мирот“. На Светиот Отец му подарија портрет од Махатма Ганди.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот