Папата се сретна со двајцата главни израелски рабини

Христијаните и Евреите можат заеднички да дадат голем придонес за мир и силно да се спротивстават на секој облик на антисемитизам и секаков друг облик на дискриминација, истакна папата Фрањо на 26 мај 2014 во говорот на средбата со двајцата главни израелски рабини.

Светиот Отец ја истакна важноста на еврејските корени на христијанската вера и духовната врска која ги поврзува христијаните и Евреите, и повика на заедничко настојување во борбата за мир и разбирање во „светот кој брзо се менува.“ Истотака потсети на своето пријателство и средбите со бројните припадници на еврејскиот народ уште од времето додека бил надбискуп на Буенос Аирес и дека христијанско-еврејскиот дијалог – кој го нарече Божји дар – е плод на Вториот Ватикански собор. Ја истакна и важноста на дијалогот помеѓу Главниот рабинат во Израел и Комисијата на Светата Столица за верски односи со Евреите. Предупреди и на потребата – посебно помеѓу младите – познавање од една страна на еврејските корени на христијанската вера и од друга страна познавање на христијанството кое своите корени ги има во Светата Земја.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот