Папата се сретна со богопосветените лица во Панама

Папата се сретна со богопосветените лица во Панама

На 26 јануари 2019 година папата Фрањо служеше Литургија во катедралната базилика „Дева Марија Антигуа“ во Панама каде го освети олтарот, а присутни беа свештеници, посветени лица и претстваници на лаичките движења.

Господ знаел што значи да се биде уморен и во неговиот умор ги препознаваме големиот број борби на нашите народи, на нашите заедници и на сите оние кои се изморени и тешко оптеретени – им рече папата Фрањо на свештениците, посветените лица и на членовите на лаичките движења, кои се собраа во базиликата „Дева Марија Антигуа“ во Панама. Проповедта Светиот Отец ја фокусираше на сликата од Евангелието според Иван каде Исус поминувајќи низ Самарија изморен од патот, седи покрај изворот и од жената која Му доаѓа во пресрет бара вода за пиење.

Умор кој води до потрага до „изворот“

Папата истакна дека различни се причините за уморот кој ги погодува свештениците, монасите и монахињите и лаиците кои се ангажираат во Црквата: од долгото работно време кое остава малку време за јадење, за одмор и за семејството; па до штетните работни и емоционални услови кои доведуваат до исцрпеност и замор на срцето. Сето тоае ситуации – рече папата Фрањо – во кои се чувствува итна потреба за изворот кој може да ја смири и угаси жедта и уморот.

Уморот на надежта

Парализирачкиот замор, различен од Исусовиот кој се појавува кога сме изложени на неподносливот жар на пладневното сонце кое заслепува и не дозволува да одиме напред, умор кој се појавува пред животните удари и сомнежот во иднината заради кои се сомневаме во сопствените сили, средства и во остварувањето на своето послание во светот кој брзо се менува. Таквиот умор Светиот Отец го нарече умор на надежта кој исто така произлегува од спознанието дека Црквата е ранета од гревот и дека често не знаела да ги слушне крикови во кои бил сокриен Исусовиот крик: Боже мој, зошто ме остави?

Идејата дека Господ нема повеќе што да понуди

Можеме да се навикнеме на живот со надеж која се изморила пред неизвесната и непозната иднина и со тоа да му овозможиме на сивиот прагматизам да се смести во самото срце на нашите заедници. На изглед сè продолжува како и обично, но во реалноста верата се троши и распаѓа. Разочарани од реалноста која не ја разбираме или мислиме дека во неа нема место за нашата порака, можеме да ја отвориме вратата на еден од најлошите ереси на нашето време: идејата дека Господ и нашите заедници немаат што да кажат или да придонесат за новиот свет кој сега се раѓа (Evangelii Gaudium, 83). Она што некогаш било сол и светло станува застоено и истрошено – предупреди Папата.

„Дај Ми да пијам!“

Исус во Евангелието според Иван вели: „Дај Ми да пијам!“ И од нас бара тоа да го кажеме и да се вратиме на изворот на првата љубов кога Исус поминал по нашиот пат, со љубов нè погледнал и нè замолил да Го следиме. „Дај Ми да пијам“- рече Светиот Отец, значи да се има храброст да се дозволи да бидеме прочистени и да се вратиме на автентичните извори на своите харизми и да видиме на кои начини тие денес можат да заживеат. „Дај Ми да пијам“- значи да се препознае сопствената потреба за Светиот Дух да нè преобрази во мажи и жени кои се сеќаваат на спасителната Божја посета, уверени дека, како што направил вчера, така ќе продолжи да прави и утре. Одењето на корените несомнено ќе ни помогне да живееме во сегашноста на соодветен начин и без страв – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот