Папата се противи на насилството во Шри Ланка: Нека се чуе плачот на народот

Папата се противи на насилството во Шри Ланка: Нека се чуе плачот на народот

На крајот од Генералната аудиенција, Папата упати зборови до младите од Шри Ланка, кои направија нивниот глас да се слушне за социјалните и економските проблеми во таа азиска земја. Сите мора да имаат мирен однос и властите да ги почитуваат човековите права и граѓанските слободи, нагласи Светиот Отец. На Богородица од Фатима ѝ ја довери голема желба за мир во светот.

Посебна мисла Папата упати до народот на Шри Ланка, особено до младите, кои во последно време направија нивниот глас да се слушне за предизвиците и социјалните и економските проблеми во земјата. Тоа го рече папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција во среда 11 мај 2022 година, поздравувајќи ги италијанските ходочасници. Во своето обраќање, Светиот Отец им се придружи на верските водачи на таа азиска земја во повикот сите страни да го задржат мирниот став, и да не се препуштаат на насилството. Тој ги повика сите одговорни да го слушнат копнежот на народот, гарантирајќи целосно почитување на човековите права и граѓанските слободи.

Пред тоа, поздравувајќи ги ходочасниците од португалското говорно подрачје, Папата ги упати своите мисли до сите оние кои овие денови одат во светилиштето во Фатима, носејќи ѝ ги радостите и грижите на Богородица. Заедно со овие наши браќа, нашата голема желба за мир во светот и ја доверуваме на Дева Марија, која со својот мајчински поглед обвива сè, рече Светиот Отец.

Обраќајќи им се на поклониците од германското говорно подрачје, папата Фрањо ги повика да молат Света Бројаницата за мир во светот. Обраќајќи се на полските верници, потсети на неодамнешниот празник на Свети Станислав, епископ и маченик, заштитник на Полска. Нека овој бескомпромисен бранител на божествениот морален поредок, особено во неделата на молитвата за звања, за сите млади да добијат дар на мудро расудување, за животниот пат, за посветеност на Христа и верност на евангелските вредности, рече тој.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот