Папата се приклучи на молитвената иницијатива на италијанските епископи

Папата се приклучи на молитвената иницијатива на италијанските епископи

Папата Фрањо се приклучи на повикот на италијанските бискупи и верници на молењето Света Бројаница во четврток 19 март во 21.00 часот.

Се приклучувам на апелот на италијанските епископи кои во оваа вонредна здравствена ситуација поттикна на молитва за целата земја. Секое семејство, секој верник, секоја монашка заедница, сите духовно нека се обединат во 21.00 часот во молењето на светлосните таинства од Бројаницата.

До сјајот на осветленото и преобразено лице на Исус Христос и до неговото Срце нè води Марија, Мајката Божја, Здравје на болните, на која ѝ се обраќаме со молење на Светата Вројаница исполнета со љубов од погледот на свети Јосиф, чуварот на Светото Семејство и на нашите семејства. Ја молиме посебно да го чува нашето семејство, нашите семејства, но особено болните и тие што се грижат за болните: лекарите, медицински техничари, медицинските сестри, волонтерите кои си го жртвуват животот во таа служба – речеПапата во поздравот до италијанските верници на крајот од Генерална аудиенција.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот