Папата се помоли пред иконата Спасение на римскиот народ

Папата Фрањо по пристигнувањето во Рим од Мексико во четвртокот попладне ја посети базиликата Света Марија Велика.

Во четврток 18 февруари 2016 година околу 15.00 часот авион на Светиот Отец слета на римскиот аеродром Чампино. Пред да се врати во Ватикан, Папата со автомобил се упати до базиликата Света Марија Велика.

За време на неговата кратка посета на базиликата, папата Фрањо се помоли, заблагодари на Богородица за апостолското патување во Мексико и стави букет цвеќе пред богородичната икона „Спасение на римскиот народ“ (Salus Populi Romani). Светиот Отец секогаш се моли на оваа иконата пред и по неговите меѓународни апостолски патувања.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот