Папата се обрати до државните власти на Грузија

По службениот пречек во Грузија и средбата со претседателот Ѓорѓи Маргвелашвили, на 30 септември 2016 година папата Фрањо до претседателот на државата, државните власти и претставниците на димпломатскиот кор во земјата упати пригоден говор.

„Му благодарам на семоќниот Бог што ми даде можност да ја посетам оваа благословена земја, земја која е место на средби и животни размени помеѓу културата и цивилизацијата која уште со проповедувањето на света Нинa во раниот четврти век во христијанството нашло свој длабок идентитет и сигурен темел за своите вредности“, рече Папата.

„Вековната историја на вашата земја покажува вкоренетост во вредностите изразени преку културата, јазикот и обичаите, правејќи ја вашата земја во целост плодоносен и засебен дел од европската цивилизација; во истовреме како што покажува географската положба речиси е природен мост помеѓу Европа и Азија, зглоб кој ја олеснува комуникацијата и односите меѓу луѓето, а со тек на вековите ја овозможува како трговијата, така и дијалогот и размената на идеи и искуствата помеѓу различни светови“ – истака папата Фрањо.

„Господине претседателе по 25 години од прогласувањето на независноста на Грузија, која во текот на тој период повторно пронаоѓајќи ја својата целосна слобода ги изгради и зацврсти своите демократски институции, барајќи начини како да обезбеди вклучителен и поверодостоен развој. Сето тоа не било без големи жртви со кои народот храбро се соочи за да дојде до долгопосакуваната слобода. Сакам патот на мирот и развојот да продолжи со заеднички и солидарни напори на сите членови на општетсвото, да се создадат услови за стабилност, праведност, почитување на законот“ – рече Папата и додаде:

„Овој автентичен и траен напредок како неопходен предуслов има мирен соживот помеѓу сите народи и држави во регионот. Тоа бара да растат взаемните чувства за почит и признавање кои не можат да се запостават затоа што ги прават претпоставните за секоја земја во рамкте на меѓунарното право.“

„Важно е сите да ја имаат на срцето на прво место судбината на човечкото битие, во неговата конкретност и трпеливо да го одбегнуваат секој обид разликите да резултираат со насилство кое може да предизвика големи урнатини за човекот и општеството. Секоја различност или поделба по етничко, политичко или верско прашање не треба да се користи како изговор за преобразба на разликите во конфликти, а конфликтите во бескрајна трагедија, може и треба за сите да бидат извор на взаемно збогатување во корист на општото добро“ – порача папата Фрањо.

„Католичката црква, веќе со векови присутна во оваа земја, се карактеризира посебно со својата посветеност во промовирањето на човекот и каритативното делување, делејќи ги радостите и грижите на грузискиот народ и има намера да го даде својот придонес за благостостојбата и мирот на народот тесно соработувајќи со властите и граѓанското општество. Силно посакувам и понатаму да продолжи со својот вистински придонес за раст на грузикото општество, благодарение на заедничкото сведочење на христијанската традиција која нè обединува; своето определување за оние во потреба и преку обновувањето и интензивирањето на дијалогот со древната Грузиска православна црква и останатите верски заедници во земјата. Бог нека ја благослови Грузија и нека ѝ го подари мир и благосостојба“ – рече на крајот Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот