Папата се надева дека привремениот договор со Кина ќе биде обновен

Папата се надева дека привремениот договор со Кина ќе биде обновен

Во интервју за Ројтерс со новинарот Филип Пулел, папата Фрањо зборува за именувањето епископи во Народна Република Кина.

Папата рече дека Привремениот договор на Светиот Престол со Народна Република Кина „оди добро“ и дека се надева дека ќе може да се обнови следниот октомври. Ова го изјави папата Фрањо во интервју за новинската агенција Ројтерс, кое го водеше дописникот Филип Пулел.

Благодарение на привремениот договор потпишан во 2018 година, чиј текст во моментов е доверлив, состојбата на Католичката црква во Кина е подобрена со враќање на епископите во полно заедништво со Римската црква, a кои беа поставени без Папски мандат. Договорот му овозможува на Папата да го има последниот збор при именувањето нови епископи, а истовремено обезбедува и заеднички пат за постигнување договор за именување на бискупи.

Како што се наведува во транскриптот од интервјуто за Ројтерс, папата Фрањо го брани договорот и изрази благодарност за улогата што ја одигра државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин во неговото постигнување: „Оној кој раководи со овој договор е кардинал Паролин, кој е најдобриот дипломат на Светиот Престол, човек со висок дипломатски углед. И тој знае да се движи, тој е човек на дијалог и дијалогизира со кинеските власти. Верувам дека комисијата со која претседаваше направи сè за да се придвижи напред и да се бара излез, и го најдоа“.

Папата на тој начин ја брани политиката на преземање мали чекори, „мачеништво на трпение“ како што ја опишува кардиналот Агостино Касароли, архитектот на ватиканската политика за ‘Ostpolitik во односите со источноевропските земји во советскиот блок за време на Студената војна. „Многу луѓе кажаа толку многу работи против Иван XXIII, против Павле VI, против Касароли“, објасни Папата. „Но, дипломатијата е таква. Соочени со затворена ситуација, мора да се бара можен, а не идеален начин. Дипломатијата е уметност на можното и претворање на возможното во реалност“. Тој додаде: „Светиот Престол отсекогаш имала такви големи луѓе. Но, оваа [дипломатија] со Кина ја спроведува Паролин, кој е одличен на ова подрачје.“

Споредувајќи ја сегашната ситуација со реалноста пред падот на советскиот режим во 1989 година, папата Фрањо рече дека именувањето епископи во Кина од 2018 година е бавно, но истакна дека има резултати. „Тоа оди полека, но [некои епископи] се именувани. Оди полека, како што велам, „на кинески начин“, бидејќи Кинезите имаат такво чувство за време што никој не може да ги брза“.

Напомена исто така дека и Кинезите „имаат проблеми затоа што ситуацијата не е иста во секој регион на земјата“ – мислејќи на различните ставови на локалните власти во Кина – и исто така, „бидејќи [начинот на односите со Црквата] зависат од на локалните водачи, а ги има различни“.

Сепак, Папата рече: „Договорот е добар и се надевам дека ќе може да се обнови во октомври“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот