Папата моли за мир во Украина

Папата моли за мир во Украина

После молитвата Ангел Господов во недела 26 ноември 2018 година папата Фрањо повика за мир во Украина, каде вчера е одбележана 85. годишнината од Гладоморот.

После пладневната молитва, папата Фрањо потсети на 85. годишнината од Гладоморот, сеќавање кое во Украина е одбележено со многу иницијативи и молитвени бденија. Гладоморот е изгладнување до смрт на украинските селани, кое го спроведе режимот на Сталин во 1932 и 1933 година, земајќи им на украинските земјоделци сѐ што имаа, вклучувајќи ја и стоката, запирајќи го иселувањето од селата и купувањето храна. Повеќе од 5 милиони луѓе во тој период умреле од глад во земјоделско најбогатиот дел на Украина. Европскиот парламент со резолуција во 2008 година Гладоморот го прогласи за злосторство против човештвото.

Таа неизмерно голема рана од минатото нека биде апел до сите да не се повтори повеќе таква трагедија – нагласи папата Фрањо и потоа повика на молитва, како што рече за таа сакана земја желна за мир. Имено на истокот од Украина од 2014 година повремено доаѓа до судири помеѓу војската на таа земја и проруските сепаратисти, во кои бројни луѓе ги загубија своите животи.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот