Папата се моли за жртвите во Етиопија

Папата се моли за жртвите во Етиопија

По завршувањето на молитвата Ангел Господов, папата Фрањо истакна дека е ожалостен за насилството врз христијаните во Етиопија

Тажен сум поради насилството кое го претрепеа христијаните на Православната тавахедо Црква во Етиопија – рече Папата Фрањо после молитвата Ангел Господов во недела 3 ноември 2019 година и истакна: Ја искажувам својата близина со таа сакана Црква и нејзиниот патријарх, саканиот брат Абуни Матијас. Апелирам да молете за сите жртви на насилството во таа земја.

Од срце се заблагодарувам на општината и бискупијата Сан Северо во Апулија, како и на Апостолската милостилница, за протоколот за разбирање кои го потпишаа на 28 октомври, со кој на работниците и надничарите во ‘гетото Капитанати’ на подрачјето Фоџија, ќе се овозможи да добијат престој во парохиите и да се запишат во општинската матична канцеларија. Поседувањето на лични документи и документи за престој ќе им дадат ново достоинство и ќе им овозможат излегување од условите на незаконитост и искористување – рече на крајот Папата, поздравувајќи ги сите присутни поклоници и верници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот