Папата се молеше за луѓето кои се грижат за хигиената во болниците и јавните површини

Папата се молеше за луѓето кои се грижат за хигиената во болниците и јавните површини

Да се молиме денес за многумина кои ги чистат болниците, патиштат,а кои ги празнат кантите и го носат ѓубрето од куќите. Тоа е работа која никој не ја гледа, но е потребена за да може да живееме. Нека Господ ги благослови и нека им помогне – рече папата Фрањо на утринската Литургија на 17 мај 2020 година во Домот на Света Марта

Папата во проповедта го коментираше евангелието на денешната Литургија во кое Исус им вели на своите ученици: „Ако Ме љубите пазете ги Моите заповеди. Јас ќе го помолам Отецот и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека, Духот на вистината, Кого светот не може да го прими, оти не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде. Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам при вас“.

Простувајќи се од учениците, Исус им дава мир со ветување: „Нема да ве оставам сираци“ – рече Светиот Отец и истакна: Ги брани од таа тага и од болното чувство дека се сираци. Денес, во светот, кај многумина постои големо чувство дека се сираци.  Имаат многу работи, но им недостасува Отецот. Тоа во историјата на човештвото се повторува; кога недостасува Отецот, нешто недостасува, секогаш некој сака да го сретне и повторно да го најде, дури и во старите митови, да се сетиме на митовите за Едип, Телемах и многу други кои секогаш го покажуваат тоа барање на Отецот кој недостасува.

Денес може да кажеме дека живееме во општество каде недостасува Отецот и каде многумина имаат чувство дека се сираци, што влијае на припадноста и братството – рече Папата и напомена: Поради тоа Исус ветува „Јас ќе го помолам Отецот и Он ќе ви даде друг Утешител“. Јас заминувам – вели Исус – но ќе дојде друг кој ќе ве научи како да му пристапите на Отецот; ќе ве потсети како се пристапува на Отецот. Светиот Дух не доаѓа да ве направи свои купувачи, туку да ви го покаже пристапот кон Отецот и да ве потсети на пристапот кон Отецот кој Исус го отвори и покажа. Не постои духовност само на Синот или Светиот Дух, во центарот е Отецот. Синот е испратен од Отецот и се враќа кај Отецот. Светиот Дух е испратен од Отецот за да нè потсети и научи како да пристапиме кон Отецот.

Само свесни дека ние сме деца кои не се сираци, можеме да живееме во мир меѓу себе – рече Светиот Отец и забележа: Војни, без разлика дали се мали или големи, секогаш имаат димензија на чувство на сираци; недостасува Отецот кој носи мир. Поради тоа Свети Петар во првото читање од денешната Литургија ја повикува првата христијанска заедница нежно со почит и со вистинска свест да им одговори и на оние кои бараат образложување на нивната вера, односно кроткоста која ја дава Светиот Дух. Тоа е кроткост и благост на децата на Отецот, а не на навредување, не учи Светиот Дух.

Навредувањето е една од последиците на војната и чувство дека сме сираци бидејќи, ако го нема Отецот, нема ниту браќа, братството се губи. Таа нежност, почитување и благост, се однесувања на припадност на семејство кое е сигурно дека го има Отецот кој е центарот на сè, извор на сè, единство на сите и спасение на сите, бидејќи го испрати својот Син сите да нè спаси. И го праќа Светиот Дух да нè потсетува на пристапот кон Отецот, на тоа татковство, на братското однесување на благост, нежност и мирот.

Да го молиме Светиот Дух секогаш да нè потсетува на тоа пристапување кон Отецот, дека имаме Отец и да на многумина, кои во општеството имаат големо чувство дека се сираци, им даде милост повторно да го најдат Отецот кој ја дава смислата на целиот живот и дава луѓето да бидат едно семејство – заклучи папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот