Папата се заблагодари на сите оние кои се грижат за луѓето во тешкотии

Папата се заблагодари на сите оние кои се грижат за луѓето во тешкотии

Папата Фрањо на светата Литургија во домот „Света Марта“ своите мисли повторно ги упати на болните, старите луѓе кои се сами, семејствата кои немаат доволно за живот, и изарази благодарност на сите кои се грижат за нив. Во проповедта на 27 март 2020 година, тој истакна дека против уништувачката истрајност на ѓаволот потребна е храброст за тишина. Така направи Исус и така е добро да се прави и во однос на празно брборење.

Папата Фрањо на утринската света Литургија во домот „Света Марта“ која се пренесуваше во живо преку интернет, изрази благодарност на сите оние кои мислат на другите во оваа тешко време обележано со пандемијата на коронавирус. Овие денови стигнаа вести за тоа како многу луѓе почнуваат да се грижат повеќе за другите, и да размислуваат за семејствата кои немаат доволно средства за живот, на старите луѓе кои се сами, на болните во болниците, и се молат и настојуваат да им дадат помош… Тоа е добар знак. Да му се заблагодариме на Господ затоа што ги разбудува тие чуства во срцата на своите верници – рече Папата на почетокот на светата Литургија.

Во проповедта, коментирајќи ги читањата на денешната литургија, земени од Книга Мудроста Соломонова и Ивановото евангелие, истакна дека истрајноста на оние кои сакале да го убијат Исус го поттикна ѓаволот, бидејќи позади секоја уништувачка истрајност се наоѓа демон. Не може да се расправа со оној кој се инаети, може само да се молчи, како што направи Исус кој избра молчење и болка. Овој стил – спрема зборовите на Папата – вреди да се наследи и во малите секојдневни инаетења, празно брборење.

Зад секој постојан гнев се наоѓа демонот, за да го уништи Божјото дело. Можеби позади некоја расправија или непријателство стои демон, но оддалеку, со нормални искушенија – спомна Папата. Но кога во тоа ќе се истрае, нема двоумење, тука е присутен демон. Да се потсетиме како демонот се заинати не само против Исус, туку и во прогонството на христијаните; како бараше префинети средства за да ги донесе до отпадништво, до тоа да се одалечат од Бог. Тоа, како што се вели во секој говор, тоа е дијаболично; ѓаволска интелигенција – истакна папата Фрањо и даде пример на прогонство во една од земјите во која владееше диктатура на атеистичкиот режим. Таму, во потрага по христијаните, се прибегнувало кон шпијунажата. Тоа е истрајност во прогонство, а тоа е демон.

Што треба да направите во момент на постојан гнев? – праша Папата. Може да се направат две работи: со овие луѓе не може да се расправа бидејќи имаат свои идеи, цврсти идеи кои ѓаволот ги посеал во нивното срце. Слушнавме кој е нивниот план на дејствување. Што може да се направи? Тоа што го направи Исус – да се молчи. Кога го читаме Евангелието, нè погодува тоа дека на сите обвинувања Исус само молчеше. Во дух на гневна истрајност, само молчење, никогаш оправдување. Исус зборуваше, објаснуваше, а кога сфати дека нема збор – тишина. Во тишина Исус ја живееше својата мака. Тоа е молчење на праведниот пред гневот.

Тоа важи и за – да ги наречеме така – мали секојдневни лутини, кога некој од нас ќе слушне дека се мрмори против него, да се кажат некои работи, а после ништо да не произлезе од тоа… треба да се молчи. Треба да се издржи и да се поднесе истрајноста на празното мрморење – рече Папата. Мрморењето исто така е бес, социјален бес; во друштвото, во градската околина, на работното место, но секогаш против него. Тоа е истраен бес за да се уништи другиот зашто се гледа дека другиот пречи.

Да го молиме Бог за милост, да се бориме против лошиот дух, да расправаме кога треба да расправаме; но пред духот на бесот да имаме храброст да молчиме и да им дозволиме на другите да зборуваат. Исто така пред тој секојдневен мал бес кој е брборење; да ги оставиме да зборуваат. Во тишина, пред Бог – рече на крајот Папата Фрањо. Светата Литургија ја заврши со Евхаристиско обожавање и благослов, повикувајќи на духовна причест.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот