Папата се заблагодари на организаторите на Јубилејот на милосрдието

Папата се заблагодари на организаторите на Јубилејот на милосрдието

Радост и благодарност за завршената работа изрази папата Фрањо до организаторите на вонредниот Јубилеј на милосрдието и соработниците кои на 28 ноември 2016 година ги прими во Ватикан.

На таа средба со Папата се собраа околу 400 луѓе кои со различни должности беа вклучени во успешното одржување на завршената Света година.

Светиот Отец најпрво се заблагодари на неуморниот – како што кажа – надбискуп Физикела, претседател на Папскиот совет за промовирање нова евангелизација на кој посебно му беше доверено водењето на Јубилејот. Навистина оваа година беше полна со иницијативи во целата Црква каде можеше да се види и да се допрат со рака плодовите на Божјото милосрдие – рече Папата.

Вратата на милосрдието отворена во сите катедрали и светилишта овозможи на верниците да не наидат на било каква пречка која би ги спречила да ја почувствуваат Божјата љубов – истакна Папата и рече дека се случи навистина нешто извонредно што сега бара да се вклучи во секојдневниот живот, милосрдието за верниците да стане обврска и траен начин на живот. Затоа Папата се заблагодари на организаторите и соработниците што го направија тој милосен настан да се прослави мирно и сигурно со доаѓањето на голем број поклоненици, истакнувајќи ја голема духовна вредност.

Потоа Папата упати благодарност до италијанскиот министер за внатрешни работи и шефот и раководител на полицијата како и на ватиканската жандармерија за безбедноста, како и на Швајцарската гарда и на другите ватикански институции; на покраината Лацио за грижливата лекарска  помош; и за надзорот кој го пружеа на Римската префектура и општина. На крајот се заблагодари на волонтерите од разни страни на светот за нивната – како што рече – често и ненаметлива работа. „Ако сакаш милосрдие самиот треба да бидеш милосрдие:“ нека тие зборови на свети Августин на сите нас ни бидат поткрепа – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот