Папата се враќа во Рим со 12 бегалци од Сирија

Во знак на гостопримството кон бегалците, папата Фрањо на враќање за Рим ќе го придружуваат три бегалски семејства од Сирија, вкупно 12 лица, од кои 6 се малолетни.Станува збор за луѓе кои дошле во бегалскиот камп во Лезбос пред договорот меѓу Европската унија и Турција”. Ова го изјави ватиканскиот портпарол, отец Федерико Ломбарди, непосредно пред полетувањето на Папата за Рим.

„Иницијативата на Папата се реализира благодарение на преговорите на ватиканскиот државен секретаријат со грчките и италијанските надлежни органи. Сите членови на трите семејства се муслимани. Две од семејствата се од Дамаск, а третото е од Деир Адзор, зона окупирана од Исламска држава. Нивните куќи биле уништени при бомбардирањето. Засолништето и издршката на трите семејства ќе бидат покриени од Ватикан. На почетокот нивното сместување ќе биде обезбедено од страна на Заедницата на “Свети Егидиј”, прецизира отец Ломбарди.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот