Папата се враќа во Рим од Апостолското патување во Африка

Папата се враќа во Рим од Апостолското патување во Африка

Малку подоцна од планираното, авионот со папата Фрањо и неговите двајца екуменски придружници полета од аеродромот во Џуба (Јужен Судан) во 10.56 часот по средноевропско време. Поглаварот на Католичката црква имаше пет интензивни денови на африканскиот континент во знак на мирот и помирувањето.

Додеказа време на патувањето на папата Фрањо во Демократска Република Конго беше сам, на патувањето во Јужен Судан му се придружија англиканскот надбискуп Џастин Велби и поглаварот на Реформираната шкотска црква, Јан Гриншилдс, кои го придружуваа Папата скоро на сите програмски точки. Историското патување однапред беше прогласено како заедничко екуменско патување за мир.

Откако папата беше пречекан од двајцата црковни водачи на пистата на аеродромот во Џуба при неговото пристигнување, тие заедно со Папата се качија во авионот за повратниот лет. Вообичаената летечка прес-конференција, која Папата ја дава на новинарите кои летаат со него на враќање од неговите апостолски патувања, овојпат ќе се одржи во поинаква форма: Велби и Гриншилдс исто така ќе имаат говорничка улога, прва при едно Папското патување.

Во 17.30 часот се очекува авионот да пристигне на аеродромот Фиумичино во Рим.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот