Папата: Сега е време да се помириме со Бог

Папата: Сега е време да се помириме со Бог

Папата Фрањо во пораката која ја објави на својот твитер профил на 23 март 2018 година ги поттикна своите следбеници да пристапат на светата Тајна Исповед затоа што да се остане на патот на злото донесува само тага.

Светиот Отец охрабри со следните зборови: „Сега е време да се помириме со Бог. Да се остане на патот на зло е само извор на тага. А како што на 25 октомври 2013 година истакна за време на светата Литургија во домот Света Марта, искрената исповед е средба со Исусовата љубов, прифаќање на „милоста на срамот“ преку која ја чувствуваме Божјата прошка.

Ако пак се плашиме да пристапиме на светата Тајна Исповед затоа што сметаме дека нашиот грев е премногу голем или непростлив, Папата и за тоа има решение: Нема таков грев од кој со милоста Божја не би можеле повторно да станеме – истакна на 11 септември 2016 година за време на пладневниот наговор и заклучи: Нема човек кој неповратно е загубен. Никој не е неповратно загубен! Бидејќи Бог никогаш не престанува да ни посакува добро, дури и кога грешиме.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот