Папата: Свети Тома, светлина на црковната мисла

Папата: Свети Тома, светлина на црковната мисла

Примајќи ги во аудиенција, во четврток 22 септември 2022 година, учесниците на XI. Меѓународен томистички конгрес, Папата се осврна на некои толкувања на мислите на учителот кој го прошири томизмот засенувајќи го неговиот лик; пред да се зборува за тој голем црковен учител, треба да се размисли, инаку му се одзема силата и големината.

Се работи за размислување за учител, а не за интелектуалец како многу други – рече папата Фрањо, обраќајќи им се, без однапред подготвен текст, на учесниците на XI. на меѓународниот томистички конгрес на тема „Vetera novis augere – Извори на томистичката традиција во актуелниот контекст“, а подготвениот говор му го предаде на претседателот на Папската академија Свети Тома Аквински, организатор на средбата.

Никогаш не користете го учителот на опортунистички начин

Понекогаш, кога се размислува за личноста која ги основала училиштата, филозофски или теолошки, постои ризик да се инструментализира учителот, за да каже работи како ние ги гледаме; тоа се случи со томизмот – рече Папата повикувајќи се, како пример, на едно од бројните толкувања на томизмот што го претставува свети Тома како роб на „казуистичкото размислување“. Таквото казуистичко, опортунистичко толкување ја намалува и ја прави смешна мислата на учителот.

Во толкувањето на мислите на учителот, првиот чекор – истакна Папата – е контемплацијата, за да можеме да бидеме примени во таа учителска мисла. Второто е објаснување, и тоа на воздржан начин. И, на крајот доаѓа, интерпретација, но со голема претпазливост – рече Папата и објасни: Учителот е оној што ја става во движење целата струја на мислата. Никогаш не треба да се користи учителот за работи што јас ги мислам, туку она што го мислам треба да се стави во светлината на учителот; нека светлото на учителот го протолкува тоа.

Не го сведувајте на мислител

Пред да зборуваме за Свети Тома, за томизмот, пред да поучуваме, треба да размислиме; да го простудираме учителот, да разбереме надвор од интелектуалната мисла што ја живеел учителот и што сакал да ни каже – рече Светиот Отец и предупреди на можноста ликот на учителот да се сведе на лик на мислител, но на тој начин неговата мисла се уништува. Му ја одземам силата, му го одземам животот – додаде Светиот Отец и нагласи: Свети Тома беше светлина на црковната мисла, и треба да го заштитиме од сите тие интелектуални редукционизми кои ја ограничуваат големината на неговата учителска мисла. „Томизмот не смее да биде музејски предмет, туку секогаш жив извор“

Тома Аквински – човек занесен од Вистината

Во одржаниот, однапред подготвен говор, Папата – со оглед на 700-годишнината од канонизацијата на „големиот богослов“ свети Тома Аквински, што ќе се слави следната година – го спомена овој црковен учител пред сѐ како светец, верен ученик на овоплотената Мудрост. Освен тоа, тој бил – според Папата – неуморен трагач по Божјото лице; оној кој секогаш си го поставувал прашањето: Што е Бог?

Барањето на Бога е молитва и контемплација

Словото Божјо, веќе прифатено во срцето, треба да допре до интелигенцијата – истакна Папата – да го обнови нашиот начин на размислување, за да вреднуваме сè во светлината на вечната Мудрост. Заносната потрага по Бог е истовремено и молитва и контемплација, така што свети Тома е модел на теологија што се раѓа и расте во побожно озрачје – истакна Светиот Отец и додаде: Оваа потрага по вистината за Бог користи две „крилја“, вера и разум. Како што знаеме, начинот на кој свети Тома знаел да ги усогласи двете светла на верата и разумот останува да биде пример.

Свети Тома и сето создание

Светиот Отец потоа спомна едно од многуте просветителни учења на свети Тома, кое се наоѓа и во енцикликата Laudato si. Сè што е создадено за свети Тома беше првиот израз на Божјата прекрасна великодушност, и многу повеќе, на неговата бесплатна милост. Тоа е клучот на љубовта, вели Свети Тома, која ја отвори Божјата рака и секогаш ја држи отворена. Тој – додаде Папата – потоа размислува за Божјата убавина која сјае во уредената разноликост на созданието.

На крајот од говорот, папата Фрањо ги охрабри учесниците на конгресот да не се плашат да ги прошируваат и збогатуваат старите и секогаш плодни работи со нови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот