Папата: Светите Кирил и Методиј се пример за ученици и мисионери

Папата: Светите Кирил и Методиј се пример за ученици  и мисионери

На крајот од Генералната аудиенција во среда 13 февруари 2019 година папата Фрањо потсети на празникот Свети Кирил и Методиј, кои црквата на Запад ги слави 14 февруари.

„Утре го славиме празникот на светите Кирил и Методиј, евангелизатори на словенските народи и созаштитници на Европа. Нека нивниот пример на сите ни помогне да станеме на сите подрачја од животот ученици и мисионери, за преобраќање на оние кои се далеку како и оние кои се близу.“ Нивната љубов кон Господ нека ни даде сила за да ја поднесеме секоја жртва, така што Евангелието ќе стане основно правило на нашиот живот“ – истакна Светиот Отец на крајот од аудиенцијата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот