Папата: Светиот Дух вдахновува отворена, гостопримлива Црква

Папата: Светиот Дух вдахновува отворена, гостопримлива Црква

Во проповедта на Светата Литургија за Педесетница, предводена од кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, во ватиканската базилика, папата Фрањо рече дека учиме од Светиот Дух каде да одиме, по кои патишта да одиме и како да одиме и да го сакаме „ова и сега“ светот и Црквата, бегајќи од зависта, озборувањата, виктимизмот и негативностите што доаѓаат од злото

„Да појдеме во училиштето на Светиот Дух“ кој нè учи да почнеме одново по раните, враќајќи го на прво место она што е важно, Божјиот љубовен поглед кон нас, потоа движејќи се во нашите одлуки слушајќи го неговиот глас и чекорејќи заедно, како Црквата, послушна кон Него и отворена кон светот – поттикна папата Фрањо во проповедта одржана на светата Литургија на празникот Педесетница, предводена од кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, во ватиканската базилика. Папата истакна дека Светиот Дух нè води да љубиме, не идеалниот свет и Црквата, туку она што е таму, под светлината на сонцето, во едноставноста, додека духот на злото ги поттикнува нештата што се кажуваат зад нашиот грб, озборувањата, брборење.

Духот ни дава сè да гледаме на нов начин

Започнувајќи го своето размислување со зборовите на Исус упатени до учениците, од Евангелието на денешната литургија, Папата истакна дека Духот ни дава да гледаме се на нов начин, според гледиштето на Исус. Јас би рекол вака: на големиот животен пат нè учи од каде да почнеме, по кои патишта да чекориме и како да чекориме – напомена Светиот Отец.

Духот нè упатува да појдеме од Божјата љубов која е дар

Духот нè потсетува дека без љубов, сè друго е суштински залудно. И таа љубов не се раѓа толку од нашите способности, туку е негов дар. Духот на љубовта е тој што ни влева љубов, Тој е оној што прави да се чувствуваме сакани и нè учи да сакаме. Тој е „двигател“ на нашиот духовен живот.

Неуспесите нè потсетуваат дека Бог има доверба во нас

Зашто, – продолжи Папата – Светиот Дух е активно сеќавање, кој ја пали и повторно ја разгорува ја разгорува во срцето Божјата наклоност што ја доживуваме во простувањето на гревовите. Склони сме секогаш да се сеќаваме на нештата што се погрешни, доведени во искушение од гласот кој нè потсетува на неуспесите и неприкладноста и кој ни кажува „никогаш нема да успееш ти си неспособен“. Светиот Дух, напротив, нè потсетува на нешто сосема друго; „Ти си Божји син, ти си Божја ќерка, единствено битие, избрано, скапоцено, секогаш сакано; дури и ако сте ја изгубиле довербата во себе, Бог има доверба во тебе!“

Духот лекува спомени, нѐ помирува со минатото

На оној кој се жали дека неговите многубројни проблеми, рани и грижи не се решаваат со лесни утехи, Папата му одговара дека Тој, Утешителот, е духот на исцелението и воскресението и може да ги преобрази во тебе оние рани што те горат. Духот нè учи – објасни Папата – да не ги отстрануваме сеќавањата на луѓето и ситуациите кои нè повредиле, туку да ги оставиме да живеат во негово присуство. Духот ги лекува спомените враќајќи се на врвот на листата она што е важно: сеќавањето на Божјата љубов, неговиот поглед кон нас. Така тој воведува ред во животот: нè учи да се прифатиме себеси, да си простуваме, да се помириме со минатото, да почнеме одново.

Да се препознае неговиот глас

Светиот Дух нè учи и по кои патишта да одиме. На раскрсницата на животот го предлага најдобриот пат што треба да се оди, затоа е важно да знаете како да го разликувате неговиот глас од гласот на духот на злото – рече Папата и објасни: Светиот Дух никогаш нема да ви каже дека се е во ред на твојот пат. Не, ќе те исправи и ќе те поттикне да се промениш, да се бориш со твоите лаги и лицемерие, и покрај тоа што тоа бара труд, внатрешна борба и жртва. Злиот дух, напротив, те поттикнува секогаш да го правиш она што го сакаш и ти се допаѓа и да веруваш дека имаш право да ја користиш твојата слобода како што сакаш. Но, подоцна, кога ќе останеш со празнина во себе, те обвинува и те фрла на земја. Светиот Дух, кој те поправа на патот, никогаш не те остава на земја, туку те зема за рака, те теши и секогаш те охрабрува.

Горчината и песимизмот доаѓаат само од злото

Кога ќе видиш дека во тебе има незадоволство, песимизам и тажни мисли, тоа никогаш не доаѓа од Светиот Дух – објасни Папата. Доаѓа од злото кое се чувствува удобно во негативностите и поради стратегијата поттикнува нетолеранција, виктимизам, нè тера да чувствуваме потреба да плачеме за себе и да реагираме на проблемите со критикување, префрлајќи ја целата вина на другите. Тоа нè прави нервозни, сомнителни и плачливи.

Светиот Дух, напротив, нè поттикнува никогаш да не ја губиме довербата и секогаш да тргнуваме од почеток, така што прво ќе почнеме да дејствуваме, да не чекаме да другите да започнат и да носиме надеж и радост на сите што ќе ги сретнеме, а не да сежалиме; никогаш не завидувајте им на другите, туку радувајте се на нивните успеси.

Светиот Дух нè води да ја сакаме вистинската Црква, а не идеалната

Освен тоа, – продолжи Папата – Светиот Дух е конкретен, а не идеалистички; тој сака да се фокусираме на овде и сега, бидејќи местото во кое се наоѓаме и времето во кое живееме се места на благодат. Духот на злото, напротив, често нè закотвува на минатото, на жалење, носталгија, на она што животот не ни го дал. Или нè проектира во иднината, поттикнувајќи стравови, илузии, лажни надежи. Светиот Дух нè води кон љубов овде и сега; не за некој идеален свет, идеална Црква, туку онаа што постои, под светлината на сонцето, во проѕирноста, во едноставноста.

Духот ја учи Црквата како да оди

И на крајот, Духот нѐ сака заедно, нè утврдува како Црква и ја учи Црквата денес како да оди. Во секое време Духот ги менува нашите планови и нè отвора кон неговата новост; секогаш ја учи Црквата на животната потреба да излегува, физиолошката потреба да навестува, а не да остане затворена во себе; да не биде стадо што ја зацврстува оградата, туку отворено пасиште за да може секој да се храни со Божјата убавина; да биде гостопримлив дом без преградни ѕидови – истакна Папата.

Световниот дух нè води само за да ги заштитиме нашите сопствени интереси

Световниот дух нè поттикнува да се фокусираме само на нашите проблеми и интереси, на силната заштита на нашата национална и колективна припадност. Напротив, Светиот Дух нѐ поттикнува да заборавиме на себе и да се отвориме за сите. На тој начин Црквата се подмладува – рече Папата.

Иако изгледа дека носи поделба, Духот создава хармонија

На крајот, папата Фрањо додаде дека е интересно како Светиот Дух, кој утрото на Педесетницата создава поделба на јазикот, однесувањето е и автор на галамата, истовремено е и автор и на хармонијата. Ја споделува различноста на харизмите, но тоа е лажна поделба, бидејќи , потоа внесува хармонија – рече Папата и истакна дека тоа е богатството на Црквата. Затоа поттикна да одиме во училиштето на Светиот Дух, да го повикуваме секој ден, да нè потсетува секогаш да поаѓаме од Божјиот поглед кон нас, да се движиме во нашите одлуки слушајќи го неговиот глас и како Црква да одиме заедно, послушни на Него и отворен кон светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот