Папата: Ризикот на слободата е голем Божји дар

На светот му требаат слободни луѓе!

„Ризикот на слободата“ е она што отсекогаш го поддржува патот на луѓето, општеството и цивилизацијата. Тоа е голем Божји дар за созданијата кој неретко поприма облици на застранување раѓајќи војни, неправди и кршење на човековите права – рече папата Фрањо во видео порака по повод отворањето на осмиот Фестивал за социјалната наука на Црквата кој се одржува во Верона, а ќе трае до 25 ноември.

Како христијани верни на Евангелието и одговорноста која ја имаме кон своите браќа, повикани сме да бидеме внимателни и претпазливи за „ризикот на слободата“ да не го загуби своето највисоко значање – рече Папата и објасни – Имено, да се ризикува значи да се биде вклучен. Тој е нашиот прв повик. Сите заедно мора да се ангажираме за да го отстраниме она што луѓето ги лишува од богатството на слободата. Истовремено треба повторно да го откриеме вкусот на слободата која знае да го сочува „заедничкиот дом“ кој Бог ни го дал.

Имаме три ситуации на кои луѓето не смеат да се изложат и да ја ризикуваат својата слобода – рече Светиот Отец и продолжи – Пред сè во сиромаштво предизвикано со големите неправди кои и понатаму се случуваат во целиот свет, па и во нашите градови. Заради културата на орфрлање и исклучување од општеството луѓето би можеле да бидат сведени на вишок. Освен што на себе ги искусиле лошите плодови од туѓите слободи, исто така се лишени од самата можност за ризикување на својата слобода за себе, за своето семејство, за добар, праведен и достоинствен живот.

Освен тоа моќта на технологијата кога не е придружена со соодветен развој на одговорноста за вредностите и знаењето, има негативно влијание на искуството на слободата, свртувајќи се – како што говори светиот папа Павле VI против човекот – рече Папата и додава – се губи смислата за границата, што е последица на исчезнувањето од вид на предизвиците на времето кои се пред нас. Апсолутизирањето на техниката може да се сврти против човекот.

Третата негативна ситуација на сведувањето на човекот само на потрошувач – рече Папата и толкуваше – Во тој случај слободата која се ризикува останува само илузија. Како што веќе е наведено во енцикликата „Laudato si“, врз основа на тоа сфаќање слободни се само оние кои можат да трошат, меѓутоа оние кои ја поседуваат слободата се малцинство оние кои имаат економска и финансиска моќ. Тоа не е слобода, туку ропство, секодневно искуство обележано со рамнодушнст, недоверба, страв и затвореност.

Сепак како што ќе потсетат сведоштвата за откупувањето од лихварство и проституција кои ќе се споделат на Фестивалот, на никој од нас не му недостасува желбата да ја ризикува сопствената слобода – рече Светиот Отец и напомена – Иако некои се плашат да одат против струјата, многумина во своето секодневие живеат како умерени, солидарни, отворени и како оние кои прифаќаат. Тие се вистинскиот одговор на различните ропства затоа што се движат како слободни луѓе.

Слободата никогаш не ги убива соништата, туку во животот го гради она што многумина го сакат, но немаат храброст за тоа. Па, слободата е постојан предизвик; привлекува, охрабрува, ги поттикнува соништата, создава надеж, вложува во доброто и верува во иднината. Па, содржи сила која е посилна од било кое ропство. На светот му требаат слободни луѓе! (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот