Папата ракоположи 16 свештеници во Дака

Папата ракоположи 16 свештеници во Дака

Папата Фрањо на 1 декември, утрото според локално време за време на светата Литургија во паркот Сухрауарди Удиан во Дака, ракоположи 16 свештеници, поттикнувајќи ги како добри пастири пред сè да се грижат за оние во потреба.

Пред очите секогаш имајте го примерот на Добриот Пастир! Тој не дојде за да му се служи, туку да служи. Дојде да го пронајде и спаси она што било загубено – истакна Светиот Отец. Додаваме дека иако католиците се околу 0.2% од населението во Бангладеш, на светата Литургија учествуваа околу 100 илјади луѓе.

Во својата проповед Папата потсети дека Исус во светот ги испрати своите апостоли преку нив и нивните наследници, епископите, да може да продолжи да ја извршува својата служба на Учител, Свештеник и Пастир. На новите свештеници им рече дека со ракополагањето ќе можат да поучуваат во името на Христос Учителот, и ги повика на сите да им го навестуваат Словото Божјо кое радосно сме го примиле.

Ревно читајте и размислувајте за Господовото Слово, верувајќи во тоа што го читате, поучувајќи го она што го верувате, и правејќи го тоа што го поучувате – рече Светиот Отец и продолжи: На тој начин вашата порака ќе биде храна за народот Божји. Нека светоста на вашите животи биде пријатен мирис за Христовите верници со своите зборови и примерот да ја градите куќата која е Божјата Црква.

Освен тоа, Папата ги потсети неоереите за служење на ближниот кои свештениците на посебен начин го извршуваат со делењето на светите Тајни. Тие како свештеници со Крштението ги придружуваат новите верници на Божјиот народ; со светата Тајна Исповед во името на Христос и неговата Црква ги разрешуваат гревовите на луѓето; со светиот елеј ги утешуваат болните; ги слават светите обреди и во различни часови од денот воздигнуваат молитва на пофалба и прозба за Божјиот народ и целото човештво. Според тоа, свесни сте дека сте избрани меѓу луѓето, вршете го свештеничкото дело Христово со радост и искрена љубов, настојувајќи единствено да му угодите на Бог, а не на самите себе – поттикна Светиот Отец.

Учествувајќи во посланието на Христос, глава и пастир, во братско заедништво со вашиот епископ настојувајте да ги обединете верниците во едно семејство за да ги водите кон Бог преку Исус Христос во Светиот Дух – ги повика папата Фрањо. Потоа им се заблагодари на луѓето кои учествуваа на светата Литургија. Знае дека многумина од нив поминале долг пат и направиле голема жртва за да можат да учествуваат на литургиското славење, напоменувајќи дека тоа ја покажува љубовта кон Исус Христос и Црквата. Својата проповед ја заврши повикувајќи ги сите никогаш да не се изморат да молат за свештениците.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот