Папата размислува да објави енциклика за сиромаштвото

Рим, 24.5.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо размислува да објави енциклика која ќе биде посветена на сиромаштвото. Но претходно ќе објави енцилика со наслов „Дар на верата“, која ја започна неговиот претходник Бенедикт XVI, јавува италијанскиот весник Ла Стампа.

Според шпекулациите на медиумите енцикликата на папата Фрањо најверојатно ќе биде со наслов „Блажени се сиромашните“ (Beati poveri). Енцикликата ќе говори за сиромаштво во евангелска смисла, а не во политичка или идеолошка.

Сепак овие информации не се официјално потврдени од Ватикан.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<