Папата разговараше со членовите на Муслиманскиот совет на старешини

Папата разговараше со членовите на Муслиманскиот совет на старешини

По официјалниот пречек во Абу Даби, папата Фрањо се упати во џамијата шеик Зајед, една од најголемите во светот, каде имаше приватен разговор со муслиманските старешини

Средбата не беше отворена за јавноста, ниту пак од таа средба се објавени службени соопштенија, но посматрачите оценуваат дека станало збор за кризата во Јемен. Имено, папата Фрањо пред поаѓањето за Обединетите Арапски Емирати упати апел за хуманитарна помош за погодениот население во Јемен.

Пред џамијата Папата го пречека претседателот на советот на старешини, големиот имам Ахмад Мохамед ал Тајеб. Абу Даби е центар на веќе петата средба на големиот имам од универзитетот од Каиро, Ал Азхар со папата Фрањо. Советот на старешини со седиште во Абу Даби е формирано во 2014 година, со цел надминување на поделбите и споровите во исламот, борбата против екстремистите и одбрана и промовирање на верската порака со хумани вредности и толеранција.

Пред разговорот со старешините папата Фрањо го посети гробот на основачот на државата, шеикот Зајед бин Султан Ал Нахијан (1918-2004), кој се наоѓа под џамијата.

Ика/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот