Папата: Радоста која нè исполнува е плод на Светиот Дух

Папата: Радоста која нè исполнува е плод на Светиот Дух

На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо им се заблагодари на фармацевтите кои се ангажираат во оваа време на пандемија за да им помагаат на болните. Во проповедта истакна дека големата сила што ја имаме за проповедање на Евангелието е радоста што е плод на Светиот Дух.

Овие денови ме прекорија бидејќи заборавив да се заблагодарам на групата луѓе кои исто така работат… Се заблагодарив на лекарите, болничарите, волонтерите… „Но ги заборавивте фармацевтите; и тие многу работат за да им помогнат на болните да излезат од оваа болест. Да се молиме и за нив – поттикна папата Фрањо на почетокот на утринската Литургија која се славеше на 16 април 2020 година во домот Света Марта. Во проповедтта го коментираше Евангелието од вчерашната Литургија, за воскреснатиот Исус кој се појавува пред учениците, кои се збунети и престрашени, затоа што мислеа дека гледаат дух, и им го отвора умот за да ги разберат Писмата.

„Допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски“ – потсети Папата на Исусовите зборови и додаде: Потоа следува реченицата која ми дава голема утеха, па токму затоа тој пасус од Евангелието е еден од моите омилени. „Тие од радост сè уште не веруваа…“ чудесно се чудеа, радоста ги спречи да поверуваат. Толкава била нивната радост што дури мислеле „не“ тоа не може да биде вистина. Не е вистинска радост премногу е голема“. Беа преполни со радост, но и парализирани од радост.

Радоста е една од желбите која папата Фрањо ја посакува на своите во Рим: „А Господ на надежта да ве исполни со секоја радост“ рече Папата. Да се исполни со радост, да се биде полн со радост. Тоа е најголемо искуство на утеха, кога Господ ќе ни даде да сфатиме дека тоа не e како кога сме весели, позитивни, ведри… Тоа е нешто друго. (…) Тоа е полнота на утеха, полнота на присуството на Господ. Зашто, како што им рече Павле на Галатјаните, радоста е плод на Светиот Дух; не е последица на чувствата што се појавуваат заради една прекрасна работа… Не, тоа е уште повеќе.

Таа радост што не исполнува е плод на Светиот Дух. Милост е да се прими таa радост на Духот – спомна папата Фрањо и ја спомна Апостолскиот поттик на Павле VI, „Evangelii nuntiandi“ во која зборува за радосните евангелизатори. Големата сила што ја имаме за навестување на Евангелието, и за сведочење на животот,  е радоста на Господ, која е плод на Светиот Дух; да го молиме денес да ни го даде тој плод – поттикна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот