Папата пристигна во Романија

Папата пристигна во Романија

Папата Фрањо пристигна на 31 мај во Букурешт, првата дестинација од 30 Апостолско патување

Апостолската посета со мотото „Да чекориме заедно“ е втора посета на еден Папа на оваа земја, а прва беше посетата на свети Иван Павле II. од 7 до 9 јуни 2019 година

Кратката свеченост на добредојде се одржа на аеродромот во Букурешт каде Светиот Отец беше пречекан од претседателот Клаус Вернер Јоханис во придружба на сопругата. По излегувањето од авионот Папата го пречекаа и две деца облечени во традиционална облека, кои му предадоа цвеќе.

Во придружба на апостолскиот нунциј во Романија, монс. Мигуел Маурие Буендие, Папата замина од аеродромот и се упати во Претседателската палата Котрочена, каде се одржа официјалниот пречек, средбата со претседателката на романската влада, Виорица Данчила, како и средбата со претставниците на властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор, каде што Папата го одржа својот прв говор.

Папата ќе престојува во Романија од 31 мај до 2 јуни 2019 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот