Папата пристигна во Мозамбик

Папата пристигна во Мозамбик

Папата Фрањо пристигна во Мапуто – Мозамбик, во среда 4 Септември навечер, прва дестинација од 31. Апостолско патување и четврто во Африка. Мото на посетата во Мозамбик е „Надеж, мир и помирување“.

По пристигнувањето на аеродромот во Мапуто, Папата го пречека претседателот на Мозамбик Филипе Нуси, придружуван од неговата сопруга. Две деца на Папата му подарија цвеќе, додека група верници го пречекаа со воодушевување, песни и традиционален танц. Веднаш по церемонијата за пречек, Папата замина со отворен папамобил во Апостолската нунцијатура, во која ќе престојува за време на посетата во Мазамбик.

Денес прва средба на Папата е со претседателот Нуси во претседателската палата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот